Не чекајте го утрото за да се справите со замрзнатиот автомобил. Животот ќе ви биде многу полесен ако однапред обратите внимание на некои работи и ако направите одредени потези што ќе го спречат тоа.rnrn
rnrnОвие 8 одлични совети ќе ви помогнат да не ви замрзнат стаклото, вратите и бравите, а ќе ве насочат како да се справите со проблемот и ако се случи тоа.rn
1. Паркирајте на исток
rnАко имате можност, секогаш паркирајте го автомобилот со предниот дел свртен кон исток. На тој начин, првите утрински сончеви зраци полека ќе го стопат мразот на ветробранското стакло.rn
2. Алкохол и сапун
rnНаправете течност за одмрзнување стакло со која ќе го напрскате мразот. Во шише ставете 1 литар алкохол, 1 децилитар вода и 1 лажичка детергент за миење садови и добро протресете. Постои уште еден добар рецепт – во шише со пумпица ставете алкохол и вода во сооднос 2 : 1 (две третини алкохол и една третина вода).rn
3. Заштитете ги бравите од мрзнење
rnНајдобрата заштита е спреј наменет токму за тоа, а ако бравата е замрзната, загрејте го клучот со запалка и потоа ќе успеете да отклучите.rn
4. Не дозволувајте да замрзне вратата
rnПремачкајте ја гумата околу вратата од автомобилот со нешто мрсно. Тоа може да биде глицерин, вазелин, растително масло за јадење итн. Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од возилото за следното утро да ја отворите вратата полесно.rn
5. Снајдете се
rnАко сте излезени, а прозорците ви замрзнале и немате ни спреј, ни топла вода, ни стругалка, посегнете по кредитната картичка и изгребете го мразот. Отстранувањето на мразот ќе оди малку побавно, но по некое време ќе можете да влезете во автомобилот и да возите до дома.rn
6. Чорапи на бришачите
rnСтавете стари чорапи на бришачите за да не ги најдете следното утро залепени на замрзнатото стакло. Или, само подигнете ги да не стојат на стаклото и да не се залепат.rn
7. Заштита за ретровизори
rnНадворешните ретровизори на вашиот автомобил нема да замрзнат ако ставите пластични кеси на нив. Исто така, ретровизорите можете да ги завиткате со гумена лента.rn
8. Ставете картон на стаклото
rnОва е одличен начин да спречите замрзнување на прозорците на вашиот автомобил кој возачите многу често го користат. Може да ставите и стара крпа наместо картон.rn
Внимание!
rnНикогаш не ставајте жешка вода на замрзнатите стакла бидејќи може да пукнат, особено ако претходно имале некое мало оштетување. Најдобро е на стаклото да нанесете млака вода со помош на крпа.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и овие 15 одлични совети за патување.