Производството на сол започнало пред околу 4000-5000 години и оттогаш, солта е значаен составен дел од нашето секојдневие. Луѓето, имаат откриено многу примени на овој скапоцен минерал, освен во исхраната. Така на пример, солта може значително да го олесни чистењето на разни предмети во домаќинството. Во продолжение, погледнете ги 10-те најефикасни примени на солта во вашиот дом.rn
10. Отстранете ја маснотијата од тавите и тенџерињата
rn
rnrnИстурете околу 120 грама сол на површината на тавчето. Потоа, со класична кујнска крпа, почнете да ги триете валканите делови, сè додека не се исчистат. На крајот, едноставно измијте ја тавата на вообичаен начин и уживајте во блескавата површина.rn
9. Отстранете ги дамките од дрвена даска за сечкање
rn
rnrnПосипете малку сол врз валканата дрвена површина и протријте ја со половина лимон. Дозволете му на дрвото да ја апсорбира мешавината, а потоа измијте ја даската под млаз вода.rn
8. Отстранете го обоениот талог од вазната
rn
rnrnСо обична сол, можете многу лесно да го исчистите зелениот талог, којшто честопати се создава во вазните. Направете концентриран раствор од сол и малку вода и истурете го во вазната. Добро протресете ја вазната и потоа измијте ја со вода и сапун.rn
7. Направете си домашен пилинг за лице
rn
rnrnЗа да си направите едноставен пилинг во рамките на вашиот дом, измешајте малку сол и путер, во размер 1:2. Добро промешајте ги состојките, додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја на лицето, со кружни движења. Подобро е малку да го загреете путерот на почетокот, за да биде топол. Откако ќе завршите со нанесување на пилингот, измијте го убаво лицето и нанесете крем за лице.rn
6. Спречете создавање мувла на кашкавалот
rn
rnrnЗавиткајте го кашкавалот во парче ткаенина, којашто претходно ќе ја натопите во солена вода. Со овој метод, ќе спречите создавање мувла на кашкавалот и ќе го зголемите неговиот рок на траење, за уште неколку дена.rn
5. Исчистете ги плочките
rn
rnrnПомешајте 60-тина грама сол во 3,5 литри вода и додајте прашок за перење. Исчистете ја површината со плочки со растворот, обрнувајќи внимание на споевите, бидејќи таму се крие најмногу нечистотија.rn
4. Направете си третман на стапала
rn
rnrnДоколку сакате да си направите одличен третман за стапала, ставете 120-240 грама сол во леген. Потоа, додајте топла вода во легенот, ставете ги стапалата во него и уживајте во третманот, сè додека не се олади водата. Можете и неколкупати да додавате малку жешка вода, доколку сакате подолго да уживате во третманот.rn
3. Отстранете ги дамките од чај и кафе од шолјите
rn
rnrnПомешајте 1 лажица сол со 1 лажица оцет и ставете го растворот во шолја, на којашто има тврдокорни дамки од кафе и чај. Оставете го растворот да делува неколку часа и потоа измијте ги садовите, на вообичаен начин.rn
2. Намалете го горчливиот вкус на кафето
rn
rnrnДоколку сакате да биде помалку горчливо и да има подобар вкус, експертите препорачуваат да додадете прстофат сол во приготвеното кафе.rn
1. Избелете ги пожолтените навлаки за перници
rn
rnrnНавлаките за перници, коишто пожолтуваат со тек на време, можете да ги избелите на многу едноставен начин. Помешајте 1 супена лажица сол во чаша со минерална вода. Ставете ја мешавината во сад со зовриена вода и оставете ги пожолтените навлаки во него, околу 1 час. Одржувајте ја постојано температурата на водата, за ефикасно да ги избелите навлаките.rnrnМоже да ве интересираат и овие 15 домаќински трикови за блескав дом.
