Освен тоа што е најчесто користена намирница како состојка во рецептите или оброкот, јајцето има низа вредности и откако ќе ја потрошиме неговата содржина. Со други зборови, лушпата од јајце е пријател на домот, а нејзините моќи ги користеле и нашите предци и тоа со добра причина. Ви претставуваме 6 паметни употреби на овој цврст оклоп.rnrn
rn
1. Природен пестицид
rnЗдробете ја лушпата од јајцето и со неа направете круг околу билките во градината. Лушпата ќе ги заштити билките од малите штетници како што се гасениците и полжавите, односно таа ќе делува како природен пестицид. Мирисот на јајцето, исто така, ќе штити од доаѓање на непосакуваните гости во градината.rn
2. Чистач на бигор
rnСтавете ги лушпите од јајце во кујнска крпа и здробете ги со помош на толчник или сукало. Потоа лушпата измешајте ја со јаболков оцет и користете ја како абразивно средство за отстранување на бигорот од мијалникот, термосот и садовите.rn
3. Кујнско помагало
rnНа дното од јајцето направете дупка со дијаметар од половина сантиметар и нежно протресете го додека низ неа не излезе содржината на јајцето. Лушпата измијте ја под млаз млака вода, исушете ја и користете ја како калап за изработување, на пример, чоколадни јајца.rnrn
rn
4. Најевтиниот водоинсталатер
rnСитно издробете неколку лушпи од јајца, ставете ги во одводот и оставете ја водата да тече. Под млазот, лушпата минувајќи низ цевките на себе ќе ги насобере нечистотиите и маснотиите, односно ќе ги отстрани.rn
5. Средство против чешање
rnЛушпата од јајцето оставете ја во тегла заедно со јаболков оцет во период од 2 дена. Таа ќе омекне и ќе се создаде хомогена смеса што можете да ја користите при иритација на кожата и чешање, особено кај она кое е предизвикано од каснување од инсекти.rn
6. Дополнување на исхраната на домашните миленици
rnСтавете ја лушпата од јајцето во рерна за време од половина час при температура од 250 степени. Изладете ја и ставете ја во пластична вреќичка со затворач, а потоа иситнете ја со толчник. Здробената смеса ставете ја во храната на вашето куче како додаток на калциум за здрави коски и заби.