Европскиот совет за исхрана предупредува дека не треба да ги загревате претходно подготвените јадења. Тоа може да доведе до несакани последици, односно до ослободување на некои видови бактерии кои многу брзо се размножуваат на температура од 5 до 65 степени. Како резултат на тоа се зголемува ризикот од труење со храна и се појавуваат различни проблеми со варењето, како што се подувањето, грчењето и гасовите. Па, која храна никогаш не треба да ја загреете откако ќе се олади?rnrn
rn
1. Ориз
rnАко го изложите оризот повторно на високи температури, тој може да предизвика труење. Идеално е да се изеде одма по подготовката или да се стави во фрижидер и да се изеде најмногу до 24 часа подоцна.rn
2. Компир
rnПо загревањето на компирите, многу од неговите хранливи состојки се губат, а се зголемуваат оние супстанци што можат да предизвикаат симптоми на труење откако повторно ќе се подзагрее.rn
3. Целер
rnИако многумина јадат свеж целер, оние што го подготвуваат на високи температури мора да знаат дека не смеат да го подзагреваат подоцна бидејќи ризикуваат труење. Целерот содржи нитрати, кои по влијание на топлина се многу штетни по здравјето. Во големи количини можат да го зголемат и ризикот од рак.rn
4. Цвекло
rnНутриционистите препорачуваат користење сирово цвекло кое е одличен извор на антиоксиданси, и содржи важни минерали и витамини. Но готвеното цвекло, кое потоа дополнително се загрева, може да има многу негативно влијание на вашиот организам.rn
5. Пилешко
rnПоради салмонелата, се препорачува консумирање добро подготвено пилешко. Но, ако одново го загреете, можете да го надразните вашиот желудник.rn
6. Печурки
rnНе се препорачува да ги подзагреете печурките бидејќи можат да предизвикаат подување и пролив. Исто така нивното оставање на собна температура после готвење може да биде многу опасно.rnrnПрочитајте нешто повеќе и за овие 6 видови храна што ќе ви дадат енергија наутро.