rn
22. Pokemon Snap (1999)
rn
rnrnСо оваа игра се чувствувате како вистински Покемон фотограф кој истражува острови за совршена фотографија. Сигурно сте биле многу радосни кога сте правеле уникатни фотографии.rn
23. Dungeon Keeper (1997)
rn
rnrnНема ништо поинтересно од тоа да играте како чувар на зандана чија единствена цел е да собира богатства, да убива херои, да освојува земји и да критикува ако работите премногу бавно.rn
24. Sonic the Hedgehog (1991)
rn
rnrnБрзиот гејмплеј комбиниран со нервозата кога ќе ги изгубите прстените ја прави оваа игра навистина заразна.rn
25. Banjo-Kazooie (1998)
rn
rnrnОд собирање музички ноти и делчиња од сложувалка, до трансформирање во чудни суштества, оваа игра навистина има сè.rn
26. Donkey Kong 64 (1999)
rn
rnrnПотребни се години за да ја поминете оваа игра. Иако е навистина забавна, сигурно не сакате да разговарате за нивоата со рударската количка.rn
27. Neverwinter Nights (2002)
rn
rnrnИграњето на оваа игра е како одење назад во времето во друг свет. Има толку многу фантазија во приказната и задачи кои треба да ги исполните. Покрај тоа, долгата листа на модови ја правеа играта уште поинтересна.rn
28. The Elder Scrolls III: Morrowind (2003)
rn
rnrnИако во играта има многу задачи и приказни, истражувањето на огромниот и детално направен свет е она што ја прави посебна. Пејзажите, разните земји и претворањето на денот во ноќ даваат чувство како навистина да сте во нов свет.rn
29. The Legend of Zelda: The Windwaker (2003)
rn
rnrnИако графиката можеби не им се допаѓа на сите, ова е прекрасно направена игра. Богатата околина во комбинација со интересниот гејмплеј и загатки ја прават навистина посебна.rnrnПогледнете и некои од најстрашните видео игри на сите времиња.
