Додека повеќето луѓе си ја добиваат својата доза плашење од серии и филмови, видео игрите го нудат најдоброто хорор искуство. Иако видео игрите се релативно нов медиум, производителите успешно создале неколку извонредни наслови низ годините. Како и филмовите, и страшните видео игри си имаат различни стилови.rnrn
rnrnДодека некои игри бараат бесшумно движење низ околината со цел да ги избегнете чудовиштата и духовите, другите го ставаат играчот во срцето на акцијата. Погледнете некои од најстрашните видео игри кои се направени.rn
1. Resident Evil
rn
rnrnКога беше издадена во 1996 година, Resident Evil на некој начин го измисли хорор жанрот кај видео игрите. Оваа игра ги постави темелите на бројните хорор игри кои почнаа да излегуваат по неа. Иако играта е стара, морничавата атмосфера, ужасните чудовишта и уникатните контроли ја прават една од најдобрите досега.rn
2. Left 4 Dead
rn
rnrnНекои игри со зомби се потпираат на исчекување и трпение, додека некои се полни со крвопролевање. Left 4 Dead спаѓа во втората категорија и преферира брзо темпо со системот за борење познат како „убиј ги сите“. Иако можеби нема да имате време да уживате во пејзажите на играта, таа нуди навистина застрашувачко искуство.rn
3. Silent Hill 2
rn
rnrnПоминаа веќе 15 години од излегувањето на играта, но критичарите сè уште го ценат ова ремек-дело. Многумина сметаат дека ова е најдобриот дел од серијалот поради психолошката манипулација која предизвикува страв. На пример, многу од чудовиштата се намерно направен како луѓе со цел да ја рефлектираат потсвеста на главниот лик.rn
4. Doom 3
rn
rnrnЗа разлика од првата Doom, креаторите на третото продолжение се одлучиле да направат промена. Тие се фокусирале за создавање атмосфера наместо за насилството без контрола. А ова го зголемува исчекувањето и одложувањето во секоја просторија во играта.rn
5. The Last of Us
rn
rnrnОва е можеби најдобрата хорор игра со зомби во последните 5 години. Критичарите и фановите продолжуваат да ја истакнуваат играта како пример за добра приказна која содржи трошка човечност. Поради своето дејство, The Last of Us успешно создаде постапокалиптичен пустош кој изгледа премногу реално.rn
6. Amnesia: The Dark Descent
rn
rnrnНекои хорор игри нудат мал број евтини трикови, другите ќе ве натераат да скокнете, но само мал број навистина ќе ве исплашат. Оваа игра ќе ги предизвика вашите најдлабоки стравови додека главниот лик истражува еден напуштен замок. Оваа игра се одржува во живот бидејќи фановите си создаваат сопствени експанзии.rn
7. Dead Space
rn
rnrnDead Space може да се гледа како еквивалент на Alien. И двата наслови направија револуција во научно фантастичниот хорор и претставија одлични сценарија. Интересното во оваа игра е што се соочувате и убивате вонземјани во простор без гравитација.rnrnПродолжува на следната страница…rn