Ако некогаш треба да ги направите овие грешки, тогаш тоа треба да биде во вашите 20-ти. Секако, никој не сака да прави грешки, но тоа е неизбежно. Некогаш нештата што ќе ги научиме од сопствените грешки се најдобри лекции за животот.rnrnЕве кои грешки ги правиме сите во нашите 20-ти, но и зошто тоа е во ред.rnrn
rn
1. Излегување со манипулативен партнер
rnДа, најверојатно ќе се гледате со тип кој нема да ве третира како што заслужувате, но затоа ќе знаете како во иднина никому да не му дозволите да ве третира лошо и да си игра со вас и вашите чувства.rn
2. Одмор со пријател(к)ите кој ќе излезе вистинска катастрофа
rnБидејќи сега знаете кои ви се вистински пријатели а кои не.rn
3. Добивање отказ од работното место
rnМоже бидејќи сте погрешиле нешто или бидејќи мислите дека заслужувате подобра работа. Во секој случај, сега ќе знаете да не ја правите истата грешка и да си ја побарате работата која навистина ви одговара. Ако некогаш треба да промените кариера, најдобро да биде во 20-тите.rn
4. Држење лоша диета
rnЧии последици се нарушување во исхраната. Но, подобро да поминете низ тоа и да знаете да си го цените сопственото тело такво какво што е, но и сопственото здравје.rn
5. Пиење многу при секое излегување
rnЗошто едноставно не можете да поминете со само една чаша вино? Ги знаете последиците, мамурно утро а можеби и лошо варење. Нека ни мине таа фаза во 20-тите.rn
6. Купување неквалитетна облека
rnБидејќи е на попуст или бидејќи е „кул“. После тоа конечно ќе научите да го гледате квалитетот и да бидете попрактични.rn
7. Имитирање туѓ стил
rnСите сме минале низ фаза во која не успеваме да се пронајдеме себеси па носиме она што се смета за модерно и тренди. Во 20-тите исто така ќе научиме кој е нашиот стил, кога сме свои и кога ни е најудобно.rn
8. Останување пријатели со токсични личности
rnСите сме биле заглавени во лошо друштво. Но, после многу непријатности конечно ќе научиме како да им речеме „не“ еднаш засекогаш на токсичните пријатели.rn
9. Обидување да промениме некого
rnВо ред е неуспешно да пробувате да промените некого. Така на рани години ќе научите дека луѓето не се менуваат и нема да си трошите време во иднина.rn
10. Останување во лоша врска
rnЕдна од најголемите грешки што речиси секој 20-годишник ја прави е останување во лоша врска. Зошто? Затоа што веќе долго сте заедно или се плашите да го/ја повредите. Но, со тек на време сфаќате дека ќе мора да ставите крај за ваше добро. Вие заслужувате подобро, па заборавете што другите велат или мислат. Така многу повеќе ќе се цените и себеси а и новата врска кога ќе дојде време за тоа.