КАФЕ ПАУЗА

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детството

Кога сте го добиле првиот компјутер, или првата конзола за играње, сигурно едвај сте чекале да се вратите од училиште и да убиете неколку чудовишта. Можеби и сега кога сте возрасни играте видео игри, но зошто да не се вратите назад во времето и да се потсетите на омилените игри од вашето детство?rn

1. Crash Bandicoot (1996-1998)

rn29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детствотоrnrnСите игри од овој серијал имаа некоја заразна формула која ве тера да ја играте играта одново и одново. Без разлика колку пати сте поминале некое ниво, сигурно имало место на кое сте заглавувале.rn

2. Pokemon Stadium (1998)

rn29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детствотоrnrnНајзабавниот дел од играта се мини-игрите. Сигурно ви се случило да ви „замрзнe“ конзолата кога сте победувале во некоја од нив.rn

3. Spyro the Dragon (1998)

rn29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детствотоrnrnОваа игра е вистинска авантура. Можевте да испуштате оган, да одите на нови локации и да собирате скапоцени камења со вашето пријателче Спаркс. Покрај тоа, графиката е одлична ако се земе предвид колку е стара играта.rn

4. Mario Kart 64 (1997)

rn29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детствотоrnrnОваа игра е тест на пријателството. Сигурно сте се нервирале кога сте биле прво место и кога одеднаш ќе ве удри сина школка.rn

5. Prince of Persia: The Sands of Time (2003)

rn29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детствотоrnrnОдличен гејмплеј, интересна приказна, и најдобро од сè – имавте нож со кој го враќавте времето.rn

6. The Sims (2000)

rn29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детствотоrnrnСигурно барем еднаш сте ги прегладнеле или изгореле вашите „Симсови“. Но покрај тоа, навистина е забавно да направите семејство кое живее совршен живот, се разбира со помош на неколку кодови за мамење.rn

7. Digimon Rumble Arena (2002)

rn29 ретро видео игри што ќе ве вратат во детствотоrnrnАко сте биле голем фан на Дигимон, сигурно сте ја играле оваа игра. Борбите и чекањето на совршениот момент за еволуирање биле вештини кои сигурно сте ги поседувале.rnrnПродолжува на следната страница…rn