КАФЕ ПАУЗА

Научниците откриваат: Зошто вашиот дечко никогаш нема да признае дека згрешил?

Научниците откриваат: Зошто вашиот дечко никогаш нема да признае дека згрешил?

Сте се договориле со вашето момче да вечерате во новиот ресторан што го отвориле на вашата улица. Вие сте се појавиле во 19:00 часот и сте почекале добри 15 минути пред да му се јавите за да видите каде е. Испаднало дека тој ве чекал 15 минути пред ресторанот на неговата улица. Како можел да направи таква грешка кога убаво сте му напишале во порака каде треба да се чекате?rnrnНаучниците откриваат: Зошто вашиот дечко никогаш нема да признае дека згрешил?rnrnТој не ви верува дека така пишувало во пораката, па мора да му пратите скриншот каде што јасно се гледа дека сте напишале „Ајде да одиме во ресторанот кај мене на улица“, а тој одговорил „Може, ти одговора да се чекаме во 19:00?“. Јасно е дека вие сте во право, а тој згрешил. Сепак, тој одбива да ја признае грешката. Вас ве обвинува што праќате долги пораки, па тој не можел да обрне внимание на сите детали. Пред да му се налутите, земете ги предвид откритијата од најновото истражување.rnrnИстражувачите од Калтек и школата Вартон при Универзитетот во Пенсилванија дознале дека луѓето со повисоко ниво на тестостерон многу често мислат дека се во право, дури и тогаш кога не се.rn

„Групата луѓе со повисоко ниво на тестостерон донесуваа брзи решенија за некои загатки каде што првичната претпоставка е најчесто погрешна. Тестостеронот или го попречува процесот на ментална проверка или го зголемува интуитивното чувство кое вели ’Нема сомнеж дека сум во право’“, објасниле истражувачите.

rnИстражувачите дошле до овој заклучок преку истражување спроведено на 243 мажи одбрани по случаен избор кои добиле или доза гел со тестостерон или плацебо гел пред да го прават тестот.rnrnЕдно од прашањата било поврзано со едноставен математички проблем и гласело „Палка и топка заедно чинат 1,10 долари. Палката чини еден долар повеќе од топката. Колку чини топката?“rnrnНаучниците откриваат: Зошто вашиот дечко никогаш нема да признае дека згрешил?rnrnПовеќето луѓе инстинктивно ќе одговорат дека топката чини 10 центи. Но, ако размислите подобро, ќе сфатите дека тоа е погрешно бидејќи на тој начин палката би чинела 90 центи повеќе од топката. Точниот одговор е дека топката чини 0,05 долари што значи дека палката чини 1,05 долари.rnrnКако што можете да претпоставите, групата што била изложена на гелот со тестостерон не го поминала тестот. Всушност, тие добиле многу пониски резултати од другата група со тоа што 20% од прашањата ги одговориле погрешно.rnrnОсвен тоа, истражувањето покажало дека луѓето со повеќе тестостерон побрзо даваат погрешни одговори и им треба повеќе време за да се сетат на точните одговори. Истражувачите сметаат дека сето ова е поврзано со фактот што тестостеронот ја зголемува самодовербата кај луѓето.rn

„Ако сте посамоуверени, ќе мислите дека сте во право и нема воопшто да се сомневате во себе или да се обидувате да ги исправите грешките“, изјавиле истражувачите.

rnНареден пат кога вашето момче само ќе фрли поглед на вашите пораки и ќе претпостави дека треба да вечерате во ресторанот на неговата улица, имајте на ум дека тоа е последица од нивото на тестостерон што го принудува да направи брза проценка и да се држи до неа.rnrnДоколку сакате да побарате прошка за направената грешка, науката открива како правилно да се извините.