Постои ли подобар начин за промовирање на туризмот на една држава, од употребата на овие неверојатно слатки шетландски пони кончиња како главни лица за реклама?rnrn
rnrnНационалниот одбор на Шкотска неодамна организираше фотосесија со фотографот Роб Мекдугал, со цел да се покрене интересот на туристите за оваа држава.rnrn
rnrnВо главните улоги се Фивла (во црвениот џемпер) и Витамин (во кафениот џемпер), а во серијата фотографии фокусот е ставен не само на слатките животни, туку и на прекрасните шкотски пејзажи покрај кои тие позираат.rnrn
rnrnЏемперите се сплетени со шетландска волна од страна на локалната плетачка Дорин Браун.rnrn


rnrnПорталот Visit Scotland, кој продава туристички аранжмани за Шкотска, постави видео во кое две жени ги облекуваат двете пони коњчиња во џемпери, како да се мали дечиња. :)rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
