Моден хороскоп за 2016 година: Стрелците ги диктираат модните трендови, Овните ги следат…

Сподели

Доколку го прочитавте вашиот годишен хороскоп за 2016 година, тогаш сигурно знаете што ве очекува на полето на љубовта, работата и здравјето. Денес, дознајте каква ќе ви биде оваа година кога станува збор за стилот.

Реклама

rn

Овен

rnОвните, како и секогаш, ќе ги следат трендовите. Сакате аксесоари, особено оние впечатливите, па ве советуваме да се одлучите за гломазни обетки и прстени кои на вашиот стајлинг ќе му додадат гламур, но и уникатност. Покрај тоа, во новите колекции со сигурност ќе пронајдете удобни обувки, бидејќи знаеме дека не сте големи љубители на високите потпетици.rn

Реклама

Бик

rnБиковите не трошат ниту многу време, ниту пак многу пари на гардероба. Доволни им се пар удобни фармерки (во 2016 ќе има многу различни модели, но се враќаат и оние со висок струк). Вложете пари во добра и квалитетна чанта.rn

Близнаци

rnБлизнаците не се оптоваруваат со облекувањето, но затоа добриот накит е она што им е важно. Не мора да биде скап и вреден, туку е доволно да им се допаѓа. Пронајдете работилници со уникатен накит и купете си нешто за себе со кое ќе го истакнете вашиот личен вкус.rn

Рак

rnРаковите сакаат да бидат елегантни и женствени. Во тоа ќе им помогне чипката како детаљ, која од 2015-тата ќе продолжиме да ја гледаме и да ја носиме и во 2016-тата година. За малку повеќе сексапил, избирајте фустани и блузи со деколте.

Реклама

rn

Лав

rnЛавовите сакаат впечатливи детали, а бидејќи минатата година повторно ги засакавме шеширите, нека тие бидат еден од аксесоарите кои ќе ги носите оваа година. Сакате скапи брендови, па затоа следете ги попустите за да немате проблеми со парите оваа година.rn

Девица

rnДевиците се едноставни, средени, педантни. Носете ролки и џемпери, бидејќи повторно се во тренд, па ги има во изобилие во бутиците, а особено во овој период сè до летото. Својот изглед дополнете го со други кардигани.rn

Вага

rnВагите внимаваат што ќе облечат, дури и кога се дома. Сакаат впечатливи бои, а во тоа ќе им помогнат разните колекции на чевли најавени на модните недели. Проѕирна штикла, впечатлива кожа и детали – слободно комбинирајте.rn

Скорпија

rnНа Скорпиите најважно им е најпрво да си се допаднат на себе и не се грижат за тоа што другите ќе кажат. Сакаат квалитетна долна облека и сето она што се наоѓа под „маската“. Бидете и во 2016-та година мистични и заводливи кога е гардеробата во прашање.

rn

Стрелец

rnСтрелците обожаваат накит, аксесоари, чанти… не се оптоварени со модните трендови, па затоа им советуваме да започнат свој сопствен тренд, прво во друштвото, а потоа на Инстаграм.rn

Јарец

rnЈарците практикуваат класична, елегантна и работна гардероба. Носите проверени кроеви, па продолжете така. Својот омилен крој на панталони, блузи, кошули, пронајдете го во други бои и дизајни, а изгледот дополнете го со марами, чанти или чизми.rn

Водолија

rnВодолиите сакаат необична облека, па со сигурност тие ќе бидат први помеѓу своите пријатели кои ќе испробаат некој нов моден тренд од модните блогерки. Сакате да трошите многу пари на нови работи, па бидете малку поумерени, бидејќи не се исплатува секое ново парче што ќе го видите во излогот.rn

Риби

rnРибите сакаат цветни дизајни и бисери, па и следното лето ќе ги гледаме во удобни патики и лелеави фустани. Хипи стилот ви стои најдобро, па држете се до него и во новата година.

Најново

Може ќе ве интересира