Зимата има различни лица низ цела Европа. Во зависност од вашите склоности, во текот на овие месеци можете да пронајдете многу места што ве покануваат да ги посетите. Во продолжение погледнете кои се 5-те најубави зимски дестинации во Европа.rn
1. Рованиеми, Финска
rn
rnrnФинскиот град Рованиеми привлекува многу посетители секоја зима. Причината не се само прекрасните пејзажи, можноста да ја набљудувате северната светлина и широкиот спектар снежни активности. Главната цел на многу туристи е да се запознаат со Дедо Мраз кој живее овде.rn
2. Јасна, Словачка
rn
rnrnИако Словачка не е позната како најдобар скијачки центар, во Јасна има многу добри скијачки патеки. Покрај тоа, оваа дестинација е поевтина и има помалку луѓе. Зимското одморалиште исто така може да се пофали со добрата гостопримливост и со пријателски настроеното локално население.rn
3. Андалузија, Шпанија
rn
rnrnАко сте меѓу оние кои не сакаат снег и студ, можете да избегате во Јужна Европа. Андалузија нуди многу повеќе од повисоки температури. Фотогеничните градови како Севилја, Кордоба и Гранада ве повикуваат на сончање, на одличен ноќен живот и на вкусна храна.rn
4. Андора
rn
rnrnАндора е една од најмалите земји во светот, но им нуди многу активности на посетителите. Покрај скијањето на најголемиот ски-центар на Пиринеите, можете да го посетите спа-центарот Калдеа или да се препуштите на адреналинските авантури во природата. Дестинацијата е позната и по врвната понуда за шопинг бидејќи даночните олеснувања овозможуваат ниски цени.rn
5. Абиско, Шведска
rn
rnrnДури и во Северна Шведска можете да ја набљудувате магичната северна светлина, а во текот на денот можете да уживате во санкањето или во скијањето. Земете топла облека колку што е можно повеќе.rnrnПогледнете ги овие снежни хотели во Скандинавија што се идеални ако сакате поразличен зимски одмор.