rn
8. Роботот на Леонардо да Винчи, 17-ти век
rn
rnrnЛеонардо да Винчи бил вистински гениј, па сигурно никој не бил изненаден кога бил пронајден негов план за робот. Нацртот бил откриен во 1950 година. Не е познато дали научникот навистина го направил роботот, но изгледал премногу реалистично и можел да имитира едноставни човечки движења.rn
9. Древно хемиско оружје, 256 година
rn
rnrnНа почетокот на 20-тиот век, биле пронајдени 19 римски стотници и 1 персиски војник во тунел во сирискиот град Дура. Научниците на почетокот мислеле дека војниците умреле бидејќи се срушил тунелот, но понатамошните истражувања ги изненадиле. Војниците биле згушени од облак од сулфур диоксид, а ова е првиот доказ за хемиско оружје.rn
10. Линиите Наска, 2-ри век
rn
rnrnОвие неверојатни цртежи се наоѓаат во Перу. Досега се познати 30 слики – како на пример, мајмун, птица, пајак, околу 700 триаголници и спирали. Поради сувата клима, цртежите се видливи и денес. Но, нема никакво објаснување за тоа како и зошто се направени.rn
11. Шифриран натпис од Велигденските острови
rn
rnrnВелигденските острови се познати по статуите, но овде има и многу поинтересни работи. Откриени се 24 дрвени плакети на кои се гравирани симболи чие значење не е познато. Овие симболи се наречени Ронгоронго.rn
12. Човечки череп со рогови
rn
rnrnОвој череп бил пронајден во Пенсилванија во 1880-тите. Неговата анатомија е совршена, со исклучок на двата рога. За жал нема како да се докаже автентичноста на овој череп бидејќи тој исчезнал веднаш пред да почне истражувањето.rn
13. Мистеријата за прекривката од Торино
rn
rnrnСе верува дека прекривката од Торино го има ликот на Исус Христос. Според приказната, кога Исус бил распнат неговото тело било обвиено со ова платно. Ако погледнете внимателно можете да забележите отпечаток од лице, па дури и дамки од крв. Сепак научниците сè уште не можат да се согласат за значењето на овој артефакт.rn
14. Метални канџи
rn
rnrnАрхеолозите во Перу откриле гробница во која се наоѓале овие канџи. Се верува дека се направени од цивилизацијата Моче пред околу 1.500 години. Можно е артефактот да бил дел од некој костим за церемонијална битка. Губитникот бил жртвуван, а победникот го добивал костимот со канџите.