Секојдневно можете да правите мали работи за да се чувствувате подобро и полесно да ги отфрлите проблемите. Експертите велат дека овие навики на здравите луѓе може да ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Одат во кревет во 10 часот
rnСите ние знаеме колку е важен сонот за правилната работа на целото тело, а особено за работата на мозокот. Шест до осум часа сон го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, го штити имунитетот, го заздравува телото, го подобрува помнењето, ја зголемува издржливоста и концентрацијата.rn
2. Дишат длабоко
rnДлабокото дишење ја намалува анксиозноста, го регулира шеќерот во крвта и му помага на имунолошкиот систем. Не мора да следите никакви специфични облици на дишење, само издвојте десетина минути во текот на денот и опуштете се и дишете длабоко.rn
3. Комуницираат со другите луѓе
rnЛуѓето кои се во добри односи со оние околу нив живеат подолго, се чувствуваат посреќно и општо се поздрави. Поминатото време со пријателите и семејството може да ви помогне во ослободување на стресот.rn
4. Јадат јаткасти плодови
rnЕдна рака јаткасти плодови на ден, пет или повеќе пати неделно го намалува ризикот од умирање од кардиоваскуларни болести. Постои долга листа со предности, од кои поважни се контролирање на телесната тежина, подобрување на метаболичното здравје, штитење на видот и мозокот.rnrn
rn
5. Внимаваат како седат
rnИ самите знаете колку е вежбањето важно за да останете здрави. Кога цел ден седите во канцеларијата му нанесувате штета на целото тело, па затоа ви препорачуваме секој час да станувате и да правите некоја лесна активност со траење од 3 до 5 минути.rn
6. Се смеат
rnДобар изговор за гледање некоја комедија. Смеењето може да го намали стресот и да го зголеми ендорфинот. Една студија што била спроведена во 2014 година на постари луѓе открила дека гледањето смешен видеозапис ги намалува хормоните на стрес и го подобрува помнењето.rn
7. Готват
rnИзбегнувањето доставена и брза храна може да ви помогне во одржувањето на тежината, како и во намалувањето на ризикот од развивање хроничните болести. Ако сте гладни на работното место изедете некое овошје или зеленчук. Така ќе го подобрите квалитетот на животот и ќе го намалите ризикот за низа болести.rn
8. Поминуваат време во природа
rnВремето поминато на отворено овозможува витамин Д кој е клучен за силни коски и ментално здравје. Едно истражување од 2015 година покажало дека луѓето кои шетале во природа имале помалку негативни мисли во споредба со оние кои шетале низ центарот на градот. Поврзувањето со природата помага во ослободување од стресот.rnrn
rnrnДоколку сакате да започнете здрав начин на живот и да створите уште повеќе здрави навики, тогаш погледнете кои работи ги прават здравите луѓе пред спиење.