Сите луѓе прават измами со цел да го пронајдат своето место на овој свет
rn
Режија: Дејвид О. РаселrnrnГлавни улоги: Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Бредли Купер, Џенифер ЛоренсrnrnВреметраење: 138 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 декември 2013rnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСите ние правиме некаков вид измами во нашиот живот. Го правиме тоа за едноставно да можеме да преживееме, без разлика дали станува збор за измама на другите или за измама на себе. Некои од нас ја менуваат бојата на косата, некои го менуваат своето однесување, а некои дури и го менуваат целиот свој идентитет. Правиме сè што можеме за да го постигнеме она што сметаме дека е најдобро за нас.rnrn
rnrnТокму тоа е и темата на овој филм. Станува збор за приказната на брилијантиот измамник Ирвин Роусенфелд (Кристијан Бејл) и неговата итра и заводлива партнерка Сидни Просер (Ејми Адамс). Тие одлично ја играат својата улога сè додека агентот од ФБИ, Ричи Димасо (Бредли Купер), не ја открие нивната измама и со тоа ќе успее да го преврти нивниот свет наопаку. Сакајќи да постигне успех на своето поле, тој ќе ги натера да соработуваат со ФБИ така што ќе ги однесе во светот на политичарите и мафијашите. Нивната задача ќе биде да ги измамат овие моќни луѓе да примат мито и со тоа да разоткријат корумпираност.rnrn
rnrnКармајн Полито (Џереми Ренер) е најприземниот моќен човек во Њу Џерси. Тој веќе 10 години бил градоначалник кој навистина се грижел за својот народ и кој бил почитуван и сакан од сите. Нажалост тој ќе се најде во средина помеѓу измамниците и агентите. И бидејќи работите никогаш не се како што изгледаат, во текот на целиот филм ќе се запрашувате кој ги води работите, Ирвин и прекрасната Сидни, или Димасо со своите соработници. Но, што ако единствената личност која вистински ја има целосната контрола врз успехот на оваа мисија е непредвидливата жена на Ирвин, Роселин (Џенифер Лоренс)?rnrn
rnrn„Американска измама“ е одличен филм кој ќе ве одвлече во еден свет каде што доброто и лошото не се разликуваат, лагите и вистините се целосно испреплетени и каде што во вистинскиот момент ништо не е невозможно. Филм кој ќе ве заведе и ќе ви покаже дека никогаш ништо не е онака како што изгледа и дека првиот впечаток најчесто е целосно погрешен.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
