rn
6. Возењето велосипед го зајакнува имунитетот
rnНаучниците од Универзитетот Бирмингем проучувале велосипедисти на возраст од 55 до 79 години, кои возат велосипед неколку часа секој ден. Тие откриле дека оваа активност ја задржува мускулната маса и моќ кај постарите луѓе. Исто така ја одржува рамнотежата на масти и холестерол. Уште поневеројатно било тоа што телата на велосипедистите произведуваат Т-клетки чиј број се намалува околу 20-тата година од животот. Ова значи дека возењето велосипед го зајакнува имунитетот.rn
7. „Немирноста“ ќе ви помогне да ослабите
rnЕдно истражување покажало дека многу од луѓето кои не се склони кон дебелеење прават „екстра“ движења во текот на целиот живот како тропање со прстите, одење во круг за време на разговор и слично. Изгледа дека оваа навидум мала физичка активност му помага на телото да согори дополнителни 350 калории дневно.rn
8. Грицкањето нокти во детството е добро за здравјето
rnНаучниците од Канада ги проучувале навиките на 1.000 деца на возраст од 5 до 9 години, а неколку години подоцна им направиле тестови за алергија. Се открило дека децата кои ги гризеле нивните нокти поретко добивале астма, поретко се склони кон алергиски реакции и имаат посилен имунитет. Според истражувачите, микробите кои завршиле во нивните тела им го зајакнале имунитетот.rn
9. Крвниот притисок може да се зголеми кога околу вас има лекар
rnРечиси 20% од целата популација има таканаречен „синдром на бел мантил“. Овие луѓе имаат потсвесен страв од лекари и кога се во здравствена установа нивниот крвен притисок се покачува. Покрај тоа, овие луѓе изгледаат мирно и не ни сфаќаат дека се исплашени. Оваа појава е почеста кај жените, особено во првите недели од бременоста.rn
10. Поздравувањето со тупаница е побезбедно од ракување
rnИстражувачите од Велика Британија откриле дека со ракувањето се пренесуваат 40% повеќе микроби за разлика од поздравот со тупаница.rn
11. Пицата е поздрав појадок од житарките
rnМногумина би помислиле дека ова е нелогично, но пицата навистина е поздрав појадок од житарките. Познатиот американски нутриционист Челси Амер тврди дека пицата содржи масти, јаглехидрати и протеини што ќе направат да се чувствувате сити подолго време, за разлика од житарките. Покрај тоа, житарките содржат и шеќер.
Прочитајте ги и овие интересни факти за фитнесот и здравјето.

