КАФЕ ПАУЗА

11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадат

Здравјето е најважното нешто што го имаме, па поради ова секојдневно се обидуваме да научиме нешто со цел да останеме што е можно поздрави. Денес можеби ни изгледа како научниците да знаат веќе сè за човечкото тело, но ова е далеку од вистината. На пример, неодамна лекарите открија дека отсуството на појадок нема влијание врз здравјето, а тресењето кога ви е ладно може да ви помогне да ослабите. Погледнете некои од најневеројатните факти за човечкото здравје што се откриени неодамна.rn

1. На жените им е потребно повеќе сон од мажите

rn11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадатrnrnИстражувачите од Универзитетот Дјук откриле дека за разлика од мажите, на жените им е потребно повеќе сон. Изгледа дека кога жените не спијат доволно, нивните физички и ментални способности страдаат повеќе од оние на мажите. Поради недостатокот од спиење, жените настојуваат да бидат во депресивна состојба многу почесто, а наутро чувствуваат поголема раздразливост.rn

2. Луѓето кои изгледаат помладо отколку што се, живеат подолго

rn11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадатrnrnНаучниците од Данска проучувале 387 пара близнаци во нивните 70-ти, 80-ти и 90-ти години и откриле дека доволно е само да гледате во нечие лице за да одредите дали ќе доживее старост или не. Со други зборови, ако личноста изгледа помладо од нејзината возраст, тогаш ќе живее подолго од личноста која изгледа постаро од нејзината возраст. Причината се делчиња од нашата ДНК познати како теломери кои ја одредуваат способноста за размножување на клетките и младешкиот изглед на личноста. Луѓето кои изгледаат помладо имаат пократки теломери.rn

3. Прескокнувањето на појадокот не предизвикува здравствени проблеми

rn11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадатrnrnВо 1944-та година една компанија која произведува храна за појадок, General Foods, започнала агресивна рекламна кампања. За да си ја зголемат побарувачката за производите, почнале да им кажуваат на потрошувачите дека според нутриционистите, појадокот е најважниот оброк во денот. Житарките и денес се најпопуларната храна за појадок, а разни експерти сметаат дека појадокот е навистина важен. Но медицинските истражувања покажале дека неговото прескокнување не предизвикува здравствени проблеми и нема ефект на слабеењето или дебелеењето.rn

4. Комуникацијата со пријатели е корисна за машкото здравјето

rn11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадатrnrnПсихологот Робин Данбар од Универзитетот Оксфорд тврди дека секој маж треба да се среќава со 4-5 пријатели, барем два пати неделно. Според него, мажите кои имаат лојални пријатели поретко се соочуваат со депресија и имаат посилен имунитет.rn

5. Тресењето кога ви е ладно може да ви помогне во слабеењето

rn11 факти за човечкото здравје што навистина ќе ве изненадатrnrnНаучниците од Институтот за медицински истражувања Гарван во Сиднеј откриле дека 10 минути тресење на ладно согорува повеќе масти од еден час вежбање.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn