Законите за заштита на животни станаа построги како што расте загриженоста кога се работи за суровоста насочена кон нив. Животните се ранливи иако некои видови се посилни од човекот. Грижата за милениците треба да биде развиена на едно високо ниво бидејќи светот не би можел да се замисли без нив. Не треба да се грижите само за вашите миленици туку подеднакво да ги почитувате сите останати припадници на животинскиот свет. Бидејќи тоа е одлика на свесни луѓе коишто се грижат за планетата Земја и сите нејзини жители.rnrn
rnrnПрочитајте ги 10-те закони за заштита на животните кои покажуваат дека светот конечно почнал барем малку да се движи во правилна насока!rn
1. Во Нов Зеланд се вели дека животните се чувствителни и насилството врз животните е казниво со закон
rnОва земја е една од светските лидери кога се во прашање законите за заштита на животните. Тие ја препознаваат нивната чувствителност и дека треба да им се задоволуваат основните потреби на животните. Секаков вид насилство врз нив е забрането вклучувајќи и испитувања и експерименти кои се илегални.rn
2. Во Полска постои закон којшто ги обврзува жителите да се јават кај надлежните доколку пронајдат напуштено куче или маче
rnМора да се извести складиштето за животни, пожарникарите или полицијата.rn
3. Во Вирџинија може да се лежи во затвор дури 10 години ако украдете куче
rnБез оглед колку вреди миленичето, доколку некој го украде ќе одговара за стореното дело бидејќи тоа не го гледаат како киднапирање, туку во многу држави миленичињата се сметаат за имот.rn
4. Во Алјаска доколку дојде до развод судот одлучува кој ќе ги задржи милениците
rnВо 2017-та година, Алјаска стана првата држава којашто ја зела предвид заштитата на животните во случај на развод. Судијата одлучува кој ќе добие старателство над миленикот базирано на фактот кој ќе се грижи подобро за него.rn
5. Русија забранува секакво насилство врз животни
rnТаму е забрането и убивање на уличните мачки и кучиња.rn
6. Во Холандија луѓето се задолжени да плаќаат годишна такса за кучиња
rnОваа земја има голема цел: да стане првата земја без заскитани животни. Поголемиот број градови во земјата имаат годишна такса којашто се базира на бројот на кучиња во секое домаќинство. Сите кучиња мора да бидат регистрирани во локалната градска управа. Зошто се плаќа такса? Бидејќи тоа е еден начин луѓето да бидат поодговорни кон нивните миленици.rn
7. Во Англија, насилството врз животните се казнува со најмногу 5 години лежење во затвор
rnМаксималната казна за насилството кон животните ќе се зголеми за 5 години. Исто така ќе се зголеми и максималната парична казна.rn
8. Во Германија можете да платите парична казна до 25.000 евра за убивање на заштитено животно
rnОваа земја исто така се смета за една од светските лидери кога станува збор за правата за заштита на животните. Дали знаевте дека осите се заштитени во Германија? Заштитени се бидејќи помагаат за почиста околина и никому не му наштетуваат. Не се грижете ако убиете по некоја оса таму, законот важи само доколку убиете цело гнездо оси.rn
9. Во Торино сопствениците на кучиња можат да бидат парично казнети ако ги шетаат кучињата помалку од 3 пати на ден
rnВо Италија исто така постојат многу строги закони за заштита на животните. Во Торино сопствениците на кучињата можат да бидат парично казнети ако не ги изнесуваат на прошетка нивните миленици минимум 3 пати на ден. Тие не смеат ниту да го фарбаат нивното крзно ниту да им прават нешто друго што би ги оштетило.rn
10. Во Оклахома, сопствениците на кучиња се одговорни ако нивните кучиња нападнат некого
rnАко некој е каснат или повреден од куче, ќе може да покрене судска постапка дури до 2 години после инцидентот. Сопственикот на кучето мора да ја понесе одговорноста за каква било повреда којашто ја направило неговото куче, но доколку тоа било испровоцирано од луѓето, сопственикот може да го употреби ова како доказ во случај на самоодбрана.rnrnОвие закони покажуваат само дека луѓето почнале да се будат и дека животните ги заслужуваат истите права како и луѓето. И тие имаат основни потреби, а доколку чувате животно вие сте обврзани да му ги задоволите сите барања.rnrnПрочитајте ги и овие интересни факти за кучињата.
