КАФЕ ПАУЗА

Природни препарати за лечење на синусите

Природни препарати за лечење на синусите

Многу луѓе имаат проблеми со синусите, особено во овој период од годината. За настанување на оваа состојба можат да бидат виновни бактерии, вируси, габички, алергии и некои автоимуни заболувања. За среќа, во природата постојат многу билки и плодови кои можат да ви помогнат да го намалите воспалението и кои истовремено го намалуваат ризикот од повторно појавување на овие состојби.rnrnПриродни препарати за лечење на синуситеrn

Портокали

rnОва овошје е одличен извор на витамин Ц, кој ја намалува затнатоста на носот и помага при чистењето на синусите. Исто така, истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на портокал може значително да го намали ризикот од воспаление на синусите.rn

Лук

rnЛукот има одлични антибактериски својства, поради што прилично го намалува воспалението на синусите предизвикано од бактериска или габична инфекција. Алицинот, состојката која на лукот му го дава препознатливиот мирис, има својства на антибиотик, поради што е многу делотворен во лечењето на овие непријатни болести.rn

Коприва

rnКопривата исто така ги ублажува симптомите на воспаление на синусите, вклучувајќи ја и надразнетоста на очите и чешањето во носот. Оваа билка, доколку се консумира во форма на чај или капки, ќе ја поттикне работата на имунолошкиот систем, заради што организмот многу подобро ќе се бори против овој вид инфекции. Покрај тоа, копривата го поттикнува ослободувањето на слузот од синусите, кој е главен виновник за неподносливата болка.