КАФЕ ПАУЗА

10 среќни амајлии кои секој дом мора да ги има

10 среќни амајлии кои секој дом мора да ги има

„Среќа е верувањето дека сте среќни“, напишал нобеловецот Тенеси Вилијамс.

rnТоа можеби е точно, но луѓето ширум светот се обидуваат да ја зголемат нивната среќа со амајлии, симболи, талисмани и слично. Добро, не сите луѓе веруваат во оваа моќ, некои мислат дека сето ова се будалштини. Но, доколку и вие сте едни од оние што сакаат да си ја подобрат среќата на овој начин, тогаш ви ги претставуваме следниве 10 амајлии за кои се верува дека се најмоќни во привлекувањето добра енергија во домот.rnrn10 среќни амајлии кои секој дом мора да ги имаrn

1. Симбол на слон

rnВо будизмот и хиндуизмот, слонот претставува многу убави работи, од мајчинство и плодност, до среќа и мудрост. Бидејќи има многу значења, многу е важно каква е фигурата на слонот и каде ќе ја поставите. На пример, слон со подигната сурла поставен во дневната соба, привлекува среќа.rn

2. Темјан

rnМногу луѓе темјанот го користат поради неговата миризба која ги опушта, но се верува дека со неговото палење се прочистува и негативната енергија.rn

3. Потковица

rnОва е еден од најстарите симболи за среќа, кој се спомнувал уште од старите ирски легенди и бајки. Постојат многу сведочења дека потковицата има моќ да ги одбие негативните луѓе и сили и да ги држи што подалеку од вашиот дом. Најкласичниот начин да ја заштитите вашата куќа е да ја закачите потковицата над влезната врата.rnrn10 среќни амајлии кои секој дом мора да ги има rn

4. Симболи на желка

rnОва е омилениот симбол на фенг шуи експертите. Тој е еден од 4-те небесни заштитници во кои следбениците на фенг шуи силно веруваат, што го прави еден од најмоќните симболи. Без разлика дали оклопот на желката е вистински или е направен од вештачки материјали, се верува дека овој симбол е моќен чувар на домот, како и среќна амајлија доколку се постави во близина на влезната и задната врата.rnrn10 среќни амајлии кои секој дом мора да ги има rn

5. Бамбус

rnКинеското суеверие вели дека бамбусот е многу важен симбол во секој дом, а бројот на стапчиња имаат различно значење. На пример, не треба да одгледувате или да му поклоните некому 4 бамбуси, бидејќи овој број според кинеската нумерологија се поврзува со несреќа, па дури и со смрт.rn

6. Црвена боја

rnВо многу култури црвената боја се поврзува со среќа. Задолжително поставете некој црвен предмет во вашиот дом – вазна, тепих, завеси…rn

7. Раката на Фатима (Божја рака)

rnОваа амајлија се носи во чанта или се чува во домот за добро здравје и заштита на сопственикот. Таа е најпопуларна во Средниот Исток и во Северна Африка. Раката на Фатима е многу важен симбол во исламската и еврејската култура, историја и религија. Создадена е како заштитна амајлија, но многу луѓе денес ја носат како накит без никаква претстава за нејзиното потекло и значење. Исто така, се верува дека оваа амајлија штити од завидливи очи.rnrn10 среќни амајлии кои секој дом мора да ги има rn

8. Симбол на свиња

rnСвињата е симбол на среќата, но не од религиозни причини, туку од историски. Во средниот век во Европа, само богатите луѓе имале многу свињи. Исто така, во Германија се смета дека свињата носи среќа – па кога некој Германец ќе освои пари на наградна игра, тој извикува „Shwein gehabt“, што во буквален превод значи „Добив свиња“, а се мисли на џекпот.rn

9. Перка од крап

rnВерувале или не, многу луѓе кои веруваат во фенг шуи, носат перка од крап во нивниот паричник. Откако ќе ја изедат рибата, тие кинат неколку перки и ги носат во паричникот со верување дека така ќе привлечат богатство. Сепак, за привлекување богатство, поголем дел од луѓето се одлучуваат за поставување фигура на крап во својот дом.rn

10. Желади

rnЖеладите се сметаат за симбол на заштита и моќ, бидејќи потекнуваат од тврдоглаво и скоро неуништливо дрво. Можете да ги поставите во сад како прекрасна природна декорација или на рамката на прозорецот, како што наведува нордиската традиција.rnrnПрочитајте ги и овие совети од фенг шуи што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот.