КАФЕ ПАУЗА

Ја исполнивте нормата од 10.000 чекори? Еве кои се здравствените придобивки!

Ја исполнивте нормата од 10.000 чекори? Еве кои се здравствените придобивки!

Што можете да очекувате ако денес излезете на прошетка и ја исполните нормата од 10.000 чекори? Што ако ова ви прерасне во секојдневна навика? Пешачењето може да биде одлична мотивација за повеќе вежбање. Станува збор за навика која има многу позитивни ефекти, а еве дел од нив.rnrnЈа исполнивте нормата од 10.000 чекори? Еве кои се здравствените придобивки!rn

1. Подобрена функција на срцето

rnЕдно истражување покажало дека луѓето кои редовно пешачат имаат помал ризик од појава на кардиоваскуларни болести.rn

2. Посилни бели дробови

rnСекојдневната активност ја подобрува работата на белите дробови. Тоа, пак, му овозможува на телото поефикасно да го користи кислородот.rn

3. Подобрена концентрација

rnФизичката активност го активира лачењето на хормоните за добро расположение, го зголемува протокот на крвта во мозокот и има позитивен ефект врз когнитивните функции. По прошетката во природа ќе бидете попродуктивни и покреативни, а стресот ќе се сведе на минимум.rn

4. Посилни коски

rnРедовните активности помагаат да се одржи густината на коските.rn

5. Посилно тело

rnВи се верува или не, преку пешачење можете да ги зајакнете мускулите и да ја одржувате мускулната маса.rn

6. Стабилизирање на нивото на шеќер во крвта

rnПешачењето и сите други физички активности не можат докрај да ги избришат последиците од лошите навики, но добро е да знаете дека кога сте активни, вашите мускули трошат повеќе гликоза и на тој начин го одржуваат стабилно нивото на шеќерот.rn

7. Помага во регулирањето на крвниот притисок

rn

8. Подобра флексибилност и стабилност

rnЗајакнатите мускули водат кон подобра стабилност и флексибилност на телото.rn

9. Ќе имате повеќе енергија

rnФизичката активност е одличен начин за зголемување на енергијата и борба против уморот со оглед на тоа дека ја подобрува циркулацијата.rn

10. Подобрено расположение

rnЗа време на пешачењето се ослободуваат ендорфини, серотонин и допамин кои играат клучна улога во подобрување на расположението.rnrnСепак, важно е да знаете дека пешачењето не може да ги елиминира нездравите навики. Затоа, покрај физичката активност, потребни ви се здрава исхрана и доволен сон.rnrnОткако ги прочитавте здравствените придобивки од пешачењето, можеби ќе сакате да прочитате и зошто пешачењето со тегови во рацете е многу корисно.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs