Природата знае да биде неверојатно убава, но постојат нејзини креации кои се едноставно магични. Зарем не би сакал секој да прошета по патека опколена со дрвја кои креираат покривка од гранки кон небото во пролетна или летна ноќ? Или пак да мине низ цветна алеја која со природните мириси има моќ да ги разбуди сите наши сетила?rnrnМрачната жива ограда во Северна Ирска (1)rnrnМрачната жива ограда во Северна Ирска (2)rnrnНекои од овие тунели се потпомогнати од човечка рака, но други се сосема случајни креации на природата. Без разлика што дрвјата бавно растат, со разни методи и многу трпение, тие можат да бидат скулптурирани во различни воодушевувачки форми.rnrnНекои тунели од дрвја пак, се сосема случајно создадени. Таков е Љубовниот тунел во Украина, кој е популарно место за фотографирање на брачни партнери. Овој тунел е воедно и дел од функционална железница. Навистина, некои феномени на природата можат да делуваат магично.rnrn