Веб-апликациите порано важеа за слаби копии од некои популарни софтвери, кои секојдневно многу се користат. На нив се гледаше како на непрактични алатки, поради ограниченоста на нивните функции. Нивното развивање, денес ги направи моќни алтернативи на комерцијалните десктоп апликации со кои можете успешно да си ја завршите својата работа.rn
Десктоп програмите си имаат свои предности, но користејќи ги онлајн сервисите можете целосно да ги искористите придобивките од т.н. Cloud Computing (интернет базирано споделување на ресурси, податоци и софтвер кои се чуваат на компјутери и други уреди поврзани во глобалната мрежа,а се пристапуваат по волја на корисникот). При користењето на повеќето веб-апликации, потребни ви се само прелистувач и конекција за пристап кон вашата онлајн база. Исто така, притоа зачувувате време кое сте го губеле за инсталација и тестирање.rnrnЕве неколку предлози за одлични веб базирани алтернативни апликации, кои можат многу да ви помогнат.rnrn1. SliderocketrnЗамена за Microsoft PowerPointrn
Потполно функционална апликација која ќе ви овозможи да направите, обработите или споделите презентација. Ги нуди повеќето опции кои се достапни во Microsoft Power Point, но и некои додатни.rnrn2. AcrobatrnЗамена за Microsoft Office и Adobe Acrobatrn
Acrobat.com е пакет од веб апликации на Adobe, кој може да го замени целиот Microsoft Office. Апликациите Buzzword, Tables, и Presentation се всушност замени за Word, Excel, и PowerPoint. Исто така, пакетот нуди можност да отворате PDF документи, можност за онлајн средби и соработка помеѓу корисниците. Сите услуги се бесплатни (со некои ограничувања), но корисниците можат да и да се претплатат за да добијат поголем број функции.rnrn3. AviaryrnЗамена за Adobe Photoshop, Illustrator, Soundboothrn
Моќен пакет на алатки кој ќе ви овозможи да уредувате слики, вектори, па дури и аудио. Посетете го сајтот и погледнете го големиот избор на сервиси кои ги нуди.rnrn4. JayCut rnЗамена за софтвери за обработка на видеоrn
Многу лесен и корисен онлајн видео едитор. Функциите на кои ќе наидете, се идентични како во повеќето софтвери за обработка на видео, а конечниот производ ќе можете да го преземете или да го прикачите директно на Јутјуб. Во бесплатниот пакет ќе можете да експортирате до 20 видеа месечно и ќе ви биде достапен онлајн простор од 2 гигабајти.rnrn5. WobZiprnЗамена за софтвери за декомпресирањеrn
WobZip е одлична онлајн алатка за декомпресирање на датотеки. Сервисот подржува многу различни формати за компресирани документи, а секој од фајловите подлежи на скенирање од вируси преку антивирусот BitDefender.rnrn6. ZamzarrnЗамена за софтвери за конвертирање на фајловиrn
Отсега навистина ќе немате проблеми со никаков формат на некој фајл. Наместо да инсталирате безброј софтвери за конвертирање на вашите документи, слики, видео и аудио материјали, појдете на Zamzar и преполовете си ја работата.rnrn7. TokBoxrnЗамена за софтвери за видео разговориrn
Веб-апликација која ви овозможува да разговарате и со 20 луѓе наеднаш. Сѐ што треба е да се регистрирате и веднаш можете да почнете со муабетење. Апликацијата е бесплатна, но за некои додатни бенефиции можете и да се претплатите.rnrn8. ESET Online Virus Scanner rnЗамена за антивирусrn
Ова не значи дека нема да ви биде потребен антивирус на вашиот компјутер. Направен e од креаторите на NOD32, а ви овозможува комплетно скенирање на вашиот компјутер преку прелистувачот. Скенирањето може да потрае некое време, а по него сомнителните датотеки ќе бидат ставени во карантин.rnrn9. BitLetrnЗамена за торент клиентиrn
Кога немате пристап до некој клиент за торенти на вашиот компјутер, оваа апликација навистина ќе ви биде одлична солуција. Прикачете торент фајл од компјутерот или пак внесете ја адресата на торентот директно на BitLet и дозволете тој да се погрижи за останатото.rnrn10. iCloudrnЗамена за оперативен системrn
iCloud е онлајн оперативен систем кој ќе ви овозможи пристап до стотици вградени апликации. Со бесплатниот модел, добивате 3 гигабајти онлајн простор, а доколку ви е потребен поголем, секогаш ќе можете да се претплатите.
10 веб-алтернативи за програмите кои најчесто ги користите
