Уникатни идеи за уредување на работниот простор

Сподели

Автор: Ана Петровиќ

Реклама

Работниот простор е место каде го поминувате поголемиот дел од времето, па од голема важност е тоа да биде инспиративно и функционално уредено на креативен начин. Постојат работи, кои иако навидум изгледаат мали, можат многу да придонесат за изгледот на вашата канцеларија. Со помош на овие иновативни идеи, убаво уредениот работен простор ќе ви ја направи работата многу попријатна.rn

Инспиративна табла

rnИскористете го празниот ѕид во канцеларијата, доколку сметате дека можете да пишувате на него. Постои и друга алтернатива како табла во природна големина, на која би можеле да залепите неколку фотографии, забелешки, убави спомени или обврски кои треба да ги завршите.

rn

Украсени кабли

rnГи знаете оние продолжени кабли кои го затвораат просторот и оставаат впечаток на неуредна канцеларија? Нивната едноличност решете ја на тој начин што ќе залепите украсна лента по должината на кабелот.

rn

Sидни кутии за хартија

rnУникатна идеја за сите оние кои секојдневно се преплавени со документи и честопати не знаат каде да ги складираат. Направете неколку украсни кутии на вашите ѕидови и проблемот е решен.

rn

Украсете ги вашите алатки за работа

rnВнесете доза креативност во секојдневната монотонија со тоа што ќе го обоите вашиот маус или едноставно ќе купите несекојдневна подлога.

rn

Обојте дел од ѕидот

rnНаместо да го трошите вашето скапоцено време на боење на целата просторија, можете слободно да го изберете најомилениот дел, на пример ѕидот покрај бирото, и да го обоите тоа место во вашата омилена боја.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира