Класичната медицина се фокусира на лекување на нарушувањата на одделните органи, додека специјалистите за алтернатива избираат да го третираат целото тело. Современата наука советува да ги комбинирате двата системи и резултатот ќе биде видлив бидејќи многу од болките всушност се пренесуваат и ги збунуваат и пациентите и лекарите.rnrn
rnrn’Рбетот е поддршка на целиот организам и е поврзана со коскената срж. Нервните канали се разгрануваат од ’рбетот во други органи заедно со импулсите што се пренесуваат во двата правци. Ако има нешто што ја нарушува функцијата на органите, овие информации ќе се пренесат преку нервните канали и болката ќе се манифестира во ’рбетот. И обратно – проблемите со ’рбетот влијаат на функционирањето на органите во телото со кои е поврзан. Кога во телото постои заболување, мора да откриете на кој дел од ’рбетот ќе се одрази тоа. За полесно да успеете во тоа, погледнете како секој орган е поврзан со ’рбетните прешлени.rn
Вратни прешлени – од првиот до шестиот прешлен
rnОва област е поврзана со слухот, со видот, со органите за говорење и со мозочните активности. Напнатоста во мускулите околу овој дел од ’рбетот предизвикува прешлените да се „компресираат“ и тоа може да предизвика главоболки, заматен вид и други симптоми.rnrnВежбите кои ги опуштаат мускулите во оваа област ќе излечат многу нарушувања на органите.rn
Седмиот прешлен е поврзан со тироидната жлезда
rnПокрај тоа, седмиот вратен прешлен и од првиот до третиот торакален прешлен се поврзани со срцевата активност.rnrnБолката во пределот на коренот на вратот може да укажува на патолошка состојба на срцето, на аритмии, на ангина итн.rn
Од првиот од четвртиот торакален прешлен
rnАко чувствувате болка во овој дел од ’рбетот, тоа значи дека страдаат горните екстремитети, рамената, млечните жлезди или бронхиите.rn
Од четвртиот до осмиот торакален прешлен
rnТие се одговорни за функциите на дигестивниот систем. Бидете внимателни затоа што болката во срцето лесно се заменува со болката при акутен гастритис и обратно.rnrnЗатоа е многу важно да не се лекувате сами и да се консултирате со лекар.rn
Од деветтиот до дванаесеттиот торакален прешлен
rnТие се поврзани со меѓуребрените мускули и со уринарниот систем, односно со нивните симптоми, како што се чувството на непријатност и болка. Оваа состојба обично е многу тешка за испитување и за дијагностицирање.rnrnГорниот дел од грбот е поврзан со големото црево, а честата лумбална болка обично е знак на воспаление на цревата, како и обратно. Редовните вежби за ’рбет ќе ви помогнат при оваа состојба, особено со грчевите.rnrnВо долниот лумбален регион, импулсите доаѓаат од репродуктивниот систем. На пример, болката во долниот дел може да укаже на остеохондроза и на други нарушувања на мускулно-скелетниот систем, како и на гинеколошки или на некои машки проблеми.rn
Источни методи на лекување
rnСо векови, кинеската медицина ја користи т.н. внатрешна врска помеѓу ’рбетот и внатрешните органи за лекување широк спектар на болести. Според ова учење, одредени точки во близина на ’рбетот, односно нивната изложеност на акупунктура, масажа и други техники, може да помогне во активирањето на органите и да ги излечи нивните заболувања.rnrnИсто така, кинеските лекари тврдат дека секој стрес се шири низ целото тело. Тие ја потенцираат и сериозноста на влијанието на одредени емоции врз одредени органi, како и за степенот на оштетување што може да настане:rnrn1. Третиот торакален прешлен е поврзан со респираторните инфекции. Чувствата како тага можат да се собираат на ова место и да предизвикаат проблеми со белите дробови и со бронхиите.rnrn2. Четвртиот и петтиот торакален прешлен се поврзани со срцевата активност, а агресијата и лутината најсилно влијаат врз работата на најважниот мускул.rnrn3. Деветтиот и десеттиот торакален прешлен се поврзани со црниот дроб и со жолчното ќесе, а овие органи најбрзо се уништуваат при лутина и злоба.rnrn4. Единаесеттиот торакален прешлен е директно поврзан со слезината. Опсесивните мисли имаат моќ да го уништат овој орган, предизвикувајќи нов бран негативни емоции.rnrn5. Вториот лумбален прешлен е поврзан со активноста на бубрезите, а нив најмногу ги уништува стравот.rnrnНа Исток, овие проблеми најчесто се решаваат со масажа, што на крајот може да го поправи целокупното здравје на ’рбетот, на внатрешните органи и на нервниот систем.rnrnСепак, со масажа не може да се излечат сите акутни или хронични процеси, па затоа треба да посетите лекар ако болката во ’рбетот не престанува или нема логична причина за болка, како што е повреда или истегнување на мускулите во таа област.rnrnПогледнете што открива за вашето здравје местото каде што ви се појавуваат брчки.

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на 

rnrnОва истражување е составено од две студии. Со првата студија се испитувало ‘рбетното заоблување, кој може да влијае врз заобленоста на долниот дел од грбот кај жените. Истражувачите побарале од 100 мажи да ја оценат привлечноста на неколку манипулирани фотографии кои покажувале различен степен на заобленост помеѓу грбот и задникот. Тие откриле дека повеќето мажи ги привлекуваат фотографиите во кои лумбалната заобленост кај жените била 45 степени. Водечкиот автор, психологот Дејвид Луис објаснува:rn

rn


rn
rn
rn

rnrn
rn
rn
rnrnЗборот чакра е од санскритско потекло и значи тркало, вртење. Чакрите се познати како центри на силата или спирали со енергија. Се смета дека постојат 7 чакри, или како уште се нарекуваат тркала на светлина, во едно енергетско тело. Секоја од чакрите е поврзана со еден нервен ганглион кој се разгранува надвор од ’рбетниот столб. Чакрите најчесто се претставуваат во форма на цвет или во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број ливчиња се наоѓаат околу периметарот на еден круг. Во вториот, одреден број радиуси го делат кругот на делови, со што чакрата добива изглед на тркало. Секоја чакра има одреден број делови или ливчиња.rnrnЧакрите се во корелација со боите, звуците, кристалите, телесните функции и психата. Секоја чакра си има своја боја. Секој орган, жлезда од телото е поврзан со одредена чакра, а со тоа и со одредена боја. Седумте центри на енергија – чакри се подредени во вертикална линија по должината на ’рбетот почнувајќи од основата на ’рбетниот столб и се движи нагоре до горниот дел на скелетот. Ако постои нарушување кај некоја од чакрите, тогаш се појавува и дизбаланс на виталниот систем. Чакрите не се поврзани само со физичкото здравје, туку и со менталното и емоционалното.rnrnМногу народи, култури и религии се обидувале да ги протолкуваат и објаснат чакрите. Постојат многу модели на ослободување и правилно користење на енергијата од човечките енергетски центри. Особено важно е да се споменат моделите во Хиндуизмот, тантричките модели, тантричкиот будизам, хималајската Бјонпо традиција, современите модели. Постојат тестови и методи со кои се одредува 