Речиси и да нема некој што не почувствувал болка во кичмата во одреден период. Тој дел од телото честопати се запоставува при вежбањето, па затоа останува послаб. Овие неколку вежби се за почетници, нема премногу да ви го зајакнат долниот дел од грбот, но можат да спречат појава на болки поради неактивност.rn
Кобра
rnОваа вежба за почетници можете да ја изведете така што ќе легнете на стомак, а потоа ќе се исправите на рацете и ќе ги истегнете стомакот и грбот. Обидете се да го оддалечите горниот дел од телото колку што можете понагоре, додека нозете целосно остануваат на подот.
rn
Штица
rnОткако ќе го доведете телото во позиција за изведување склекови, горниот дел од телото потпрете го на лактите и останете мирно во позицијата како на сликата, без да мрдате. Многу е важно ’рбетот да ви биде целосно исправен.
rn
Мачкино истегнување
rnПотпрете го телото на рацете и колената, при што ’рбетот ќе ви биде исправен. Потоа вовлечете ги стомачните мускули така што ќе го искривите грбот без да ги мрдате колената и рацете.

