Добриот сон е многу важен, па затоа и изборот на добра перница добива на значење. Д-р Јан Лефковиц, киропрактичар од Њујорк има неколку совети за вас кои ќе ви помогнат да откриете каква перница ви е потребна според начинот на којшто спиете и како со тоа да го унапредите сонот и општото здравје.rnrn
rn
Ако спиете на страна
rnОние кои спијат на едната страна треба перницата да ја пикнат во просторот помеѓу нивната глава и рамото додека лежат. Најдобар избор за вас би била потврда и рамна перница. Доколку имате болки во долниот дел на грбот се препорачува и една перница помеѓу нозете.rn
Ако спиете на грб
rnИзберете средно тврда перница со средна големина. Тие добро ќе ја потпрат главата и ќе го чуваат ’рбетот исправен. Ако најчесто спиете во оваа положба и имате болки во грбот, ставете една перница под колената. Тоа ќе го намали притисокот во долниот дел на грбот.rn
Ако спиете на стомак
rnД-р Лефковитц вели дека никогаш не треба да спиете во оваа положба. Тоа предизвикува да спиете со искривен ’рбет затоа што главата мора да биде сосема свртена кон едната страна. Ако не можете да се одвикнете од сипењето на стомак, а сакате да го постигнете тоа, тој препорачува да пробате со спиење на едната страна, а потоа од страната на стомакот да поставите уште една перница која ќе ве спречи да се вратите во старата положба. Ако пак не можете да се откажете од ваквиот начин на спиење, тогаш изберете мека перница во која главата ќе биде сместена на удобно и вратот нема да се вкочанува.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.