КАФЕ ПАУЗА

Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен стол

Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен стол

Секојдневното седење по 8 работни часови, може да остави трајни последици по вашето здравје, особено на рбетниот столб. Со правилни вежби можете да ја зајакнете мускулатурата, да ја подобрите циркулацијата и да ги наполните батериите. Доброто во овие вежби, е тоа што се многу лесни и плус, можете да ги правите додека беспрекорно ги извршувате вашите работни задачи.Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен столrnrn

Вежби за обликување нозе

rnДодека седите на вашето работно биро, подигнете ја едната нога, испружете ја и држете ја во таа положба неколку секунди, а потоа вратете ја во првобитната положба, но не спуштајте ја сосема до подот, туку подржете ја во воздух 2 секунди, пред сосема да стапнете. Истата постапка повторете ја со другата нога. Овие вежби правете ги 15 пати на ден.rnrn

Правилно седење за рамен стомак

rnСедете правилно исправени, така што столицата да ја допирате со рбетниот столб, а рацете потпрете ги на столот, под агол од 90 степени. Така седнати, додека вдишувате воздух, вовлечете го стомакот и задржете го воздухот околу 30 секунди. Вежбите повторувајте ги 2 пати, на секој поминат час.rnrn

Само 30 секунди за јако торзо

rnСвртете го горниот дел од телото кон левата страна и останете во таа позиција 30 секунди. Истата постапка повторете ја на десната страна. Со оваа вежба, ќе ги зајакнете стомачните и градните мускули. Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен столrn

Затегајте ги бутините и додека седите

rnЗатегнете ги внатрешните мускули на бутините и држете ги така околу 5 секунди. Постапката повторувајте ја од 12 до 20 пати дневно, а помеѓу вежбите правете паузи за опуштање, за да не добиете воспаление на мускулите.rnrn

Обликувајте ги и колковите

rnСедете исправено и полека вовлечете го стомакот навнатре, а потоа ногата подигнете ја од столицата, под агол од 90 степени. Држете ја така неколку секунди и потоа спуштете ја на под. Со овие вежби ги обликувате колковите, бедрата и стомачните мускули.rnrn

Кегелови вежби за силна карлица

rnПокрај бутовите и колковите, вежбајте ја и карлицата за да ги спречите проблемите со мокрењето. Стискајте ги мускулите околу карлицата кои се одговорни за задржување на урината. Стегнете ги мускулите набрзина. Задржете ги стегнати 1 секунда. Опуштете ги и одморете ги само 1 секунда. Повторете ја вежбата 10 пати. Правете барем по 3 серии дневно. Овие вежби се познати како Кегелови, а доколку ги правите три пати на ден, можат да ви помогнат да го подобрите вашиот сексуален живот.rnrn

Топка за поубави бедра

rnСакате ли да ги обликувате вашите бедра и стомачните мускули? Земете една топка, ставете ја помеѓу нозете и нежно притискајте ја. Вежбата повторувајте ја 20 пати дневно и секој пат кога ќе стиснете, задржете околу 3 секунди, па потоа опуштете се.rnrn

Задникот можете да го обликувате и додека седите

rnСамо затоа што по цел ден седите, не значи дека не можете да го обликувате и вашиот задник. Затегнете ги мускулите на задникот, држете 3 секунди и опуштете ги. Вежбата правете ја 15 пати на ден.Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен столrn

Како да ја снема напнатоста во рамената?

rnНапнатоста во рамената може да се реши со само неколку секунди. Главата свртете ја на левата страна, а торзото на десната. Останете неколку секунди во оваа положба. Поновете ја постапката само овој пат сменете ги страните. И оваа вежба повторете ја барем 15 пати во текот на денот.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.