КАФЕ ПАУЗА

Tag: душек

  • Како да го исчистите душекот и да ги отстраните сите видови дамки?

    Како да го исчистите душекот и да ги отстраните сите видови дамки?

    Колку пати сте истуриле нешто на душекот и чистењето се претворило во вистинска агонија? Токму затоа, овие домашни трикови ќе ви помогнат за брзо и лесно чистење на душеците.rnrnКако да го исчистите душекот и да ги отстраните сите видови дамки?rn

    Клучниот збор во одржувањето на душекот чист е превенцијата

    rnСекогаш е најдобро да користите навлака за душек што ќе спречи појава на дамки. За разлика од старите најлонски навлаки, кои веројатно се првото нешто што ви паѓа на памет, сега има навлаки од меки влакна со водоотпорна заштита. Многу навлаки вклучуваат заштита од микроби, а се препорачува да изберете од оние со патент. На овој начин ќе се заштити целиот душек вклучувајќи ги и страните.rn

    Како да го исчистите душекот?

    rnАко дамката е мала, препорачливо е да користите молив за чистење дамки или гел во стик. Бидете внимателни да не ставите премногу, како и дамката да се исуши пред спиење. Кај потврдокорните дамки, ќе мора да го повторите процесот неколку пати.rnrnАко дамката е поголема, измешајте детергент во прав со малку вода во сооднос 3 : 1. Смесата треба да биде во конзистентност на паста за заби.rnrnВнимателно нанесете ја смесата на дамката и оставете ја да стои 15-30 минути. Потоа, исчистете ја со влажна крпа, па избришете сè со сува крпа и на крај, исчистете ја со правосмукалка или користете фен за коса.rn

    Како да се отстрани лошиот мирис?

    rnЗа да спречите појава на непријатни мириси, би било добро да ја менувате постелнината еднаш неделно. По отстранувањето на постелнината, препорачливо е да го исчистите душекот со правосмукалка. Потоа, попрскајте го душекот со природен спреј од лаванда. Користете лимон, лаванда или алкохол за дезинфекција и додајте есенцијални масла од лаванда, еукалиптус или чајно дрво. Оставете да отстои неколку минути.rnrnПо чистењето со правосмукалка, на душекот можете рамномерно да нанесете слој сода бикарбона. Оставете да отстои 10-15 минути.rnrnЗа тоа време, сода бикарбоната ќе ги апсорбира сите непријатни мириси. На крајот, повторно исчистете го душекот со правосмукалка.rn

    Длабинско чистење

    rnПовторете ја претходната постапка, но овој пат додајте неколку капки есенцијално масло во сода бикарбона и оставете ја да стои 1-2 часа. Потоа, повторно исчистете со правосмукалка и сменете ја постелнината.rn

    Како да се отстранат дамките од урина?

    rnВеднаш ставете хартиени крпи и немојте да триете бидејќи на тој начин урината ќе навлезе уште подлабоко во душекот. Потоа, направете мешавина, пола вода и пола алкохолен оцет и испрскајте ја дамката, а потоа ставете сода бикарбона над неа. Оставете сè најмалку 8-10 часа и потоа исчистете со правосмукалка. Ако сè уште чувствувате мирис на урина, повторете ја постапката.rn

    Како да се отстранат дамките од крв?

    rnНе е секогаш можно да се направи тоа, но секако можете да се обидете. Избришете ја дамката прво со крпа натопена во ладна вода. Потоа, измешајте еден дел сода бикарбона со два дела вода и оставете да отстои половина час. Исчистете ја дамката со крпа натопена во оваа смеса, и на крај исчистете ја дамката со сува крпа и оставете ја да се исуши на воздух. Исто така, можете да користите сол, сок од лимон или водород пероксид, во зависност од тоа што имате при рака.rnrnПрочитајте како да ги исчистите сите видови кожен мебел.

  • Глисер на дување е новиот летен хит што ќе направи да се чувствувате како милионери

    Глисер на дување е новиот летен хит што ќе направи да се чувствувате како милионери

    Летото е веќе тука, па сигурно веќе го планирате вашето викенд бегство со најдобрите пријатели и семејството! Но, ако сакате вистински да се релаксирате, може да биде навистина скапо. За среќа, постојат многу начини да организирате одмор без да потрошите пари. Еден од нив е да купите глисер на дување! Ако не сте доволно богати за вистински (не грижете се, еден ден ќе стигнете таму) тогаш ова лето можете да уживате на овој душек. Всушност, сигурни сме дека е многу поудобно од вистинскиот глисер!rnrn

  • Душек во форма на пеперутка ги освои сите социјални мрежи

    Душек во форма на пеперутка ги освои сите социјални мрежи

    Како што навлегуваме подлабоко во летото, така сме изложени на сè повеќе и повеќе фотографии од уживање во базени, езера и мориња. Поточно, најубавите слики на кои изгледа како луѓето најмногу да уживаат се токму тие каде што лежат на разнобојни душеци со летен коктел во своите раце. Токму затоа и оваа пеперутка толку брзо се рашири на социјалните мрежи, правејќи ги сите луѓе да посакаат да уживаат на неа!rnrnrnrnАко размислите подобро, ова е буквално како лебдечки рај. Плус можете ли да замислите колку добро ќе изгледате на вашите фотографии на Инстаграм доколку го имате овој душек под себе? Прекрасно, се согласувате?rnrn

  • Одличен трик за дезинфекција на вашиот душек

    Одличен трик за дезинфекција на вашиот душек

    Душеците на кои спиеме се одлично место за собирање прашина и нечистотии, па потребно им е длабинско чистење. За да го направите тоа, погледнете го овој одличен трик кој темелно ќе го исчисти вашиот душек и ќе му даде свеж и пријатен мирис.rnrnОдличен трик за дезинфекција на вашиот душекrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 кесички сода бикарбона
    • rn 011

    • 8 капки есенцијално масло од лаванда, нане, рузмарин, еукалиптус или лимон
    • rn 011

    • Сито за брашно
    • rn

    rn

    Начин на подготовка

    rnСтавете ја сода бикарбоната во шише. Додајте го маслото, затворете го шишето и протресете за да се соединат состојките. Мешавината постепено истурете ја во ситото, а потоа на душекот. Оставете да делува 1-2 часа, а потоа соберете ја сода бикарбоната со правосмукалка.rnrnСода бикарбоната ќе ја впие влагата која го поттикнува размножувањето на бактериите, а есенцијалното масло ќе го дезинфицира душекот и ќе остави пријатен и свеж мирис.rnrnПогледнете и како да го користите хидроген пероксидот во вашиот дом.

  • Ова лето тие се задолжителни: Воздушните душеци за плажа добија сосема нов облик!

    Ова лето тие се задолжителни: Воздушните душеци за плажа добија сосема нов облик!

    Кога бевме мали, не можевме ниту едно одење на плажа да го замислиме без воздушен душек за вода. Тоа беа класични верзии на рамни и едноставни душеци, а доколку сме ги пронашле во некоја занимлива и несекојдневна боја или дезен, на нашата среќа ѝ немаше крај.rnrn1-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblikrnrnВоздушни душеци во облик на крофна, пица или школка во тие времиња беа незамисливи и секако, недостапни.rnrn2-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrnНо, времињата се променија. Овие денови е потешко да се пронајде класичен воздушен душек за вода отколку оној во несекојдневен облик. Минатото лето главна атракција помеѓу душеците беше фламингото, меѓутоа во модата ништо не трае засекогаш, па така ниту овој душек.rnrn6-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrnОваа сезона хит се душеците во облик на пеперутка, лубеница, парче пица или школка.rnrn4-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrnОвие нови душеци не само што овозможуваат максимална удобност додека уживате во мирните морски бранови, туку се и занимлив и секако впечатлив додаток за одење на плажа.rnrn3-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrn5-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_

  • 5 лесни начини како да ја преуредите вашата спална соба за подобро да спиете

    5 лесни начини како да ја преуредите вашата спална соба за подобро да спиете

    Спиењето е важно од секој аспект на нашето живеење, а сепак 40 проценти од нас спијат помалку од потребното. Тоа значи дека си кратиме себеси некои чудесни здравствени придобивки како здраво губење на тежина, подобра меморија, па дури и зголемен сексуален апетит со неспиењето. Имајќи го тоа на ум, постојат прехранбени продукти, вежби и препарати кои ќе го подобрат квалитетот на вашето спиење, но не го игнорирајте најважниот дел од равенката, вашата спална соба. Направете ги овие едноставни промени и преуредете ја спалната соба за да можете подобро да спиете.rnrn5 лесни начини како да ја преуредите вашата спална соба за подобро да спиетеrn

    1. Купете добар душек

    rnДобриот душек треба да ви биде приоритет број еден. Одберете душек што ќе ве прави да се чувствувате удобно. Мек или тврд, не е важно, сè додека ве опушта. Во продавница можете да ги проверите и да откриете која цврстина најмногу ви се допаѓа.rn

    2. Ставете го кревеетот покрај ѕид

    rnПоставете ја главата спротивно од ѕидот за да го избегнете провевот и да најдете чувство на психолошка стабилност. Ако ги следите фенг шуи принципите веќе знаете дека креветот никогаш не треба да стои под прозорец, бидејќи додека спиете енергијата може да ви бега низ него.rn

    3. Исклучете ги сите екрани од електронските уреди

    rnИстражувањата докажуваат дека користењето електронски уреди пред спиење може да го наруши сонот. Отстранете ги телефоните и лаптопите од вашата спална, за да не бидете предизвикувани да ги проверувате во текот на ноќта. Исто така отстранете го и телевизорот или најдете креативен начин да го покриете.rn

    4. Декорирајте симетрично

    rnНауката ни вели дека луѓето симетријата ја перципираат како убава. За максимална смиреност, околу вашиот кревет е потребно да имате симетрија. Ако над вашиот кревет има слика, погрижете се да биде на средина и имајте две перници наместо една. Според фенг шуи, симетријата помага во хармонијата на врската со вашиот партнер, но и со самите себеси.rn

    5. Одржувајте совршена температура

    rnОптималната температура за спиење е некаде помеѓу 15 и 19 степени. Купете термометар и внимавајте температурата да се движи во овие граници. Ќе се исплати.

  • Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

    Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

    Во ова видео ќе ви бидат претставени работите за кои не сте знаеле дека имаат рок на траење. Некои работи ќе ви бидат познати, но за повеќето со сигурност ќе бидете изненадени и ќе ви биде тешко да ги фрлите. Сепак, експертите предупредуваат дека за вашето здравје е подобро да не се приврзувате и навреме да се ослободувате од нив. Ова се неколку од нив.rnrnРаботи од домот кои треба навреме да ги фрлитеrnrnПерници – Доколку ја превиткате на половина и таа не се врати во нејзиниот природен облик, тогаш време е да ја фрлите.rnrnДушек – Нешто слично се однесува и на душеците, бидејќи доколку забележите дека е вдлабнат на повеќе места, треба да си набавите нов. Според процените на експертите животниот век на душеците изнесува 10 години. Сепак, губењето на еластичноста и вдлабнувањето не е најголемиот проблем на старите душеци, туку прашинските грини, бактерии и мртви клетки од кожа кои се собираат во нивната внатрешност.rnrnПешкири – Оние кои се користат редовно треба да ги фрлите доколку се стари од 2 до 5 години.rnrnМашина за перење алишта – Треба да се менува на 10 до 11 години.rnrnМашина за сушење алишта – Треба да се менува на 12 до 13 години.rnrnМашина за перење садови – Треба да се менува на 9 до 11 години.rnrnПравосмукалка – Иако сè уште ви работи, правосмукалката треба да се менува на секои 5-7 години.rnrnЧетка за заби – Треба да се менува на секои 3-4 месеци.rnrnМаскара – Рокот на употреба на маскарата е 3 месеци.rnrnКозметика во прав и кармини – Собираат многу бактерии и доколку се постари од 2 години треба да ги фрлите.rnrnТечна козметика – Поради истите причини како и козметиката во прав, треба да ја фрлите доколку е постара од 6 месеци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

    8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

    Болките во грбот не мора секогаш да бидат предизвикани од некои болести или здравствени состојби. Дури и најздравите луѓе може да ја искусат оваа тешкотија и неудобност во секојдневниот живот. Прочитајте ги следниве 8 причинители на болките во вашиот грб, кои може да ве изненадат.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    1. Спиете на стар душек

    rnДобар душек треба да се користи 8-10 години. Доколку не сте го смениле вашиот повеќе од 10 години, големи се шансите вашиот ‘рбет да не ја добива потребната потпора. Заменете го стариот душек со нов кој нема да биде ни премногу тврд ни премногу мек.rn

    2. Носите тешка чанта

    rnДоколку сте од оние луѓе кои сакаат да креваат тешки предмети низ домот, имајте на ум дека грбот нема да ви биде благодарен за тоа. Исто така, носењето тешка чанта на едното рамо, создава нерамнотежа на вашето тело и на вашиот ‘рбет. Носете некоја полесна чанта. Чантата со сите работи внатре не треба да тежи повеќе од 10% од вашата телесна тежина.rn

    3. Носите рамни чевли или чевли со превисока штикла

    rnЧевлите со високи штикли ве тераат да го свиткате грбот, при што создаваат притисок на вашите зглобови. Рамните и ниски чевли како што се балетанките или некои патики, исто така можат да бидат лоши за вашиот грб, особено доколку сте дустабан. Сандалите кои немаат задно ременче се исто така лош избор, бидејќи предизвикуваат шетање на вашите стапала од една на друга страна, при што тежината на вашето тело е нееднакво распределена. Секој човек има своја идеална висина на штикла, пронајдете ја вие вашата.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    4. Држите лутина

    rnИстражувачите од еден универзитет откриле дека луѓето кои почесто опростуват, поретко се чувствуваат огорчени, депресивни, гневни и имаат помалку болки. Вашите емоции, напнатоста во мускулите и мислите, можат директно да влијаат врз јачината на физичката болка којашто ја чувствувате. Не само што држењето лутина е лошо за вашето физичко здравје, негативно влијае и на вашата емоционална состојба.rn

    5. Седите цел ден

    rnЛоши вести за сите оние кои работат на компјутер – тоа е многу лошо за вашето здравје. Седењето цел ден можеби ви изгледа убаво во однос на оние луѓе кои работат физичка работа, но повеќето луѓе не седат во правилна положба додека работат на компјутерот 8 часа дневно, што предизвикува ослабување на грбните мускули поради неактивност. Плус седењето создава 50% повеќе притисок врз вашиот ‘рбет отколку стоењето. Доколку работното место не ви овозможува да работите стоејќи на повисок пулт како би ви биле мускулите на грбот постојано активни, тогаш одвреме-навреме потпрете го грбот на столчето под агол од 130 степени, за да го избегнете набивањето на дисковите во ‘рбетниот столб. Исто така, многу е битно главата да ја држите исправено додека работите на компјутерот, а не да ви биде напрегната нанапред.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    6. Под стрес сте

    rnКога сте под стрес, целото тело ви е исто така под стрес, вклучително и мускулите на вашиот врат и грб кои се згрчуваат и стискаат. Доколку продолжите да се стресувате, тие затегнати мускули нема да добијат шанса да се опуштат, што од своја страна предизвикува болки во грбот. Постојат многу докажани начини за намалување на нивото на стресот, меѓу кои спаѓаат редовното вежбање, медитацијата и топлата бања.rn

    7. Не вежбате редовно

    rnСпортот ги оформува и тонира мускулите кои го држат вашиот грб. Кога не вежбате доволно, тие се вкочанети и слаби, а ‘рбетните дискови се деформираат. Вежбите кои ги зацврстуваат грбот и стомакот, се најдобар избор за оние кои имаат болки во грбот.rn

    8. Јадете премногу нездрава храна

    rnНе е за изненадување, дека внесот на висококалорична храна, со малку хранливи материи, доведува до зголемување на телесната маса. Зголемената тежина, исто така негативно влијае врз вашиот грб. Вишокот тежина околу стомакот, ја повлекува карлицата нанапред, што создава напнатост во грбот. Лицата со прекумерна тежина имаат зголемен ризик од остеоартритис. Намалувањето на барем 5-10% од вашата телесна тежина, може да ја подобри состојбата со вашиот грб.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

  • Идеалното решение за гушкање во кревет

    Идеалното решение за гушкање во кревет

    Овој удобен душек е дело на Меди Моџтабави и е идеално решение за паровите кои сакаат да се гушкаат во кревет. Душекот е направен од траки помеѓу кои има место да ви пропадне раката, па така можете да го гушкате партнерот, без вас да ви пречи неговата тежина, ниту вие да го притискате и бодете.Идеалното решение за гушкање во креветКонцептот сè уште го нема најдено патот на пазарот, но Иранецот Меди постојано е во потрага по инвеститор кој ќе му помогне на овој концепт да се најде во домовите на вљубените парови.Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет Идеалното решение за гушкање во кревет
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Сладок сон на полна Месечина

    Сладок сон на полна Месечина

    Корејските дизајнери Лили Сух и Зоно од компанијата „i3lab“ се виновниците кои стојат зад оваа перница од „соништата“. Сладок сон на полна МесечинаОваа Месечина е креативен пронајдок кој ќе го направи вашето спиење поинтересно. Феноменалната перница, која ја има и во поголема варијанта како душек за на под, е направена со помош на астрономскиот фотограф Чин Веи Лун, кој направил фотографии од полната Месечина над Куала Лумпур, Малезија. За визуелниот ефект на перницата се искористени 26 фотографии од месечината, а на изгаснато светло таа свети. rn

    Сладок сон на полна МесечинаСладок сон на полна МесечинаСладок сон на полна МесечинаСладок сон на полна МесечинаСладок сон на полна МесечинаСладок сон на полна МесечинаСладок сон на полна Месечина

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.