Спиењето е важно од секој аспект на нашето живеење, а сепак 40 проценти од нас спијат помалку од потребното. Тоа значи дека си кратиме себеси некои чудесни здравствени придобивки како здраво губење на тежина, подобра меморија, па дури и зголемен сексуален апетит со неспиењето. Имајќи го тоа на ум, постојат прехранбени продукти, вежби и препарати кои ќе го подобрат квалитетот на вашето спиење, но не го игнорирајте најважниот дел од равенката, вашата спална соба. Направете ги овие едноставни промени и преуредете ја спалната соба за да можете подобро да спиете.rnrn
rn
1. Купете добар душек
rnДобриот душек треба да ви биде приоритет број еден. Одберете душек што ќе ве прави да се чувствувате удобно. Мек или тврд, не е важно, сè додека ве опушта. Во продавница можете да ги проверите и да откриете која цврстина најмногу ви се допаѓа.rn
2. Ставете го кревеетот покрај ѕид
rnПоставете ја главата спротивно од ѕидот за да го избегнете провевот и да најдете чувство на психолошка стабилност. Ако ги следите фенг шуи принципите веќе знаете дека креветот никогаш не треба да стои под прозорец, бидејќи додека спиете енергијата може да ви бега низ него.rn
3. Исклучете ги сите екрани од електронските уреди
rnИстражувањата докажуваат дека користењето електронски уреди пред спиење може да го наруши сонот. Отстранете ги телефоните и лаптопите од вашата спална, за да не бидете предизвикувани да ги проверувате во текот на ноќта. Исто така отстранете го и телевизорот или најдете креативен начин да го покриете.rn
4. Декорирајте симетрично
rnНауката ни вели дека луѓето симетријата ја перципираат како убава. За максимална смиреност, околу вашиот кревет е потребно да имате симетрија. Ако над вашиот кревет има слика, погрижете се да биде на средина и имајте две перници наместо една. Според фенг шуи, симетријата помага во хармонијата на врската со вашиот партнер, но и со самите себеси.rn
5. Одржувајте совршена температура
rnОптималната температура за спиење е некаде помеѓу 15 и 19 степени. Купете термометар и внимавајте температурата да се движи во овие граници. Ќе се исплати.