Кога бевме мали, не можевме ниту едно одење на плажа да го замислиме без воздушен душек за вода. Тоа беа класични верзии на рамни и едноставни душеци, а доколку сме ги пронашле во некоја занимлива и несекојдневна боја или дезен, на нашата среќа ѝ немаше крај.rnrn
rnrnВоздушни душеци во облик на крофна, пица или школка во тие времиња беа незамисливи и секако, недостапни.rnrn
rnrnНо, времињата се променија. Овие денови е потешко да се пронајде класичен воздушен душек за вода отколку оној во несекојдневен облик. Минатото лето главна атракција помеѓу душеците беше фламингото, меѓутоа во модата ништо не трае засекогаш, па така ниту овој душек.rnrn
rnrnОваа сезона хит се душеците во облик на пеперутка, лубеница, парче пица или школка.rnrn
rnrnОвие нови душеци не само што овозможуваат максимална удобност додека уживате во мирните морски бранови, туку се и занимлив и секако впечатлив додаток за одење на плажа.rnrn
rnrn
Ова лето тие се задолжителни: Воздушните душеци за плажа добија сосема нов облик!
