Во ова видео ќе ви бидат претставени работите за кои не сте знаеле дека имаат рок на траење. Некои работи ќе ви бидат познати, но за повеќето со сигурност ќе бидете изненадени и ќе ви биде тешко да ги фрлите. Сепак, експертите предупредуваат дека за вашето здравје е подобро да не се приврзувате и навреме да се ослободувате од нив. Ова се неколку од нив.rnrn
rnrnПерници – Доколку ја превиткате на половина и таа не се врати во нејзиниот природен облик, тогаш време е да ја фрлите.rnrnДушек – Нешто слично се однесува и на душеците, бидејќи доколку забележите дека е вдлабнат на повеќе места, треба да си набавите нов. Според процените на експертите животниот век на душеците изнесува 10 години. Сепак, губењето на еластичноста и вдлабнувањето не е најголемиот проблем на старите душеци, туку прашинските грини, бактерии и мртви клетки од кожа кои се собираат во нивната внатрешност.rnrnПешкири – Оние кои се користат редовно треба да ги фрлите доколку се стари од 2 до 5 години.rnrnМашина за перење алишта – Треба да се менува на 10 до 11 години.rnrnМашина за сушење алишта – Треба да се менува на 12 до 13 години.rnrnМашина за перење садови – Треба да се менува на 9 до 11 години.rnrnПравосмукалка – Иако сè уште ви работи, правосмукалката треба да се менува на секои 5-7 години.rnrnЧетка за заби – Треба да се менува на секои 3-4 месеци.rnrnМаскара – Рокот на употреба на маскарата е 3 месеци.rnrnКозметика во прав и кармини – Собираат многу бактерии и доколку се постари од 2 години треба да ги фрлите.rnrnТечна козметика – Поради истите причини како и козметиката во прав, треба да ја фрлите доколку е постара од 6 месеци.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.