Покрај мерките преземени во многу земји, постојано слушаме за фактот дека мора да ги миеме рацете многу почесто, а специјалните предупредувања се поврзани и со допирањето на лицето. Експертите велат дека не треба да го правиме тоа за време на владеењето на пандемијата, но колку пати сте се допреле потполно несвесно?rnrn
rnrnНаучните истражувања кои доаѓаат од еден германски универзитет докажале дека мажите го допираат лицето околу 25 пати во рок од еден час. Ова беше потврдено со истражување спроведено на студенти по медицина кои најмногу ги допирале очите, носот и устата.rnrnЕкспертите велат дека е нормално луѓето да не бидат свесни за ваквите потези, но дека постојат начини да се елиминира оваа навиката. Еден начин е да си пронајдете занимација за рацете. Некои експерти советуваат да ставите некаков накит на раката и да го вртите со прстите од време на време. Ако не ви се допаѓа накитот, можете да си купите антистрес топче кое сигурно ќе ви го одвлече вниманието.rnrnНајлошото нешто во одвикнувањето од овие навики е што вашите мисли не се оддалечуваат од темата. Ако постојано мислите дека воопшто не треба да го допирате лицето, желбата за тоа ќе биде значително зголемена.rnrnИсто така, постојат одредени трикови како да се „измами“ мозокот. Ова значи дека можете да ги намачкате рацете со мрсна крема, бидејќи свеста дека сте ги размачкале ќе ве оддалечи од желбата да го допирате лицето.rnrnВо секој случај, нема ништо да ве чини да пробате. Ако ништо друго, сега сигурно ќе обрнете внимание на тоа колку пати го допирате лицето.rnrnМожеби сакате да прочитате и како да се справите со отеченоста на лицето?
Tag: допир
-

Како да ја спречите навиката да го допирате лицето?
-

Зошто држењето за рака, допирањето и разменувањето нежности се толку многу важни?
Дали знаете што ја зацврстува врската, а позитивно влијае врз расположението? Тоа е едноставен начин да ѝ покажете на личноста што ја сакате колку ви значи. Не, не станува збор за купување скапи подароци, луксузни вечери или далечни патувања. Станува збор за неговото височество – допирот!rnrn
rnrnДокажано е дека допирот ги намалува анксиозноста и чувството на болка, го подобрува расположението и прави да се чувствуваме сакано. Тоа е многу важно за допирите што се „секојдневни“, а што не се одвиваат во спалната соба. Како допираме и како нè допираат условено е од нашето растење. Уште од 40-тите години, истражувањето за важноста на социјалните интеракции за развој на детето утврдило дека ако новороденчињата не добиваат човечки допир тоа може да има многу последици, дури и најтешки.rnrnПартнерите некогаш премногу внимание обрнуваат на интимните допири, а не на обичните коишто многу значат. Држењето за рака, галењето и шепкањето на увото се прилики за да му покажете на партнерот или партнерката колку ви значи со само еден допир на раката.rn„Допирот ни пренесува чувство на безбедност и доверба, тој нè смирува. Го смирува дури и кардиоваскуларниот стрес и го ослободува „хормонот на љубовта“ – окситоцин. Толку е едноставен, а благотворен и треба да биде дел од секојдневието на секој пар. Меѓутоа, многумина забораваат на него“, објаснува Дашер Келтнер, професор од Универзитетот Беркли.
rnЧестите допири или физичкото покажување наклонетост не е толку распространето во европската култура. Децата коишто не ги гледале родителите како се држат за рака, како се бакнуваат или прегрнуваат, може да имаат проблеми со интимноста коишто би можеле да се решат само ако научат да го допираат својот партнер или партнерка.rnrnЧест проблем што го наведуваат многу психотерапевти е фактот дека посебно на момчињата не им се укажува на убавината на допирот и дека растат во адолесценти, а потоа во возрасни личности што мислат дека сексуалниот однос е единствена прилика за давање и добивање допир.rn
„Ако на момчињата им претставите ограничено поле на дејствување, тие ќе мислат дека спалната соба е единствен соодветен момент за допир во кој ќе уживаат, а тоа не е точно“, изјавува Естер Перел, психотерапевт.
rnТоа значи дека на мажите им е скратено уживањето во допири и дека не знаат што пропуштаат. Честото допирање го зголемува чувството на блискост, среќа и задоволство.rn
Кое е решението за паровите коишто не се допираат често?
rnТерапевтите сметаат дека тие се „мали чекори“ на патот кон подлабока интимност. Важно е секој пар да утврди кој допир е пријатен, а кој не го сакаат, но дека сите треба да се држат за рака. Но, тие мали допири коишто значат толку многу ќе направат да се чувствувате подобро и да ја зацврстите вашата врска.rnrnШто мислите вие на оваа тема? Дали често се допирате со вашиот партнер/ка? Пишете ни во коментар дали сакате да се држите за рака и што претставува тоа за вас.rnrnДознајте зошто е добро да се поставуваат цели во врската.
-

9 сосема обични и секојдневни нешта што ги ужасуваат луѓето кои мразат физички контакт
Сите ние познаваме барем еден пријател што постојано се обидува да избегне прегратки или бакнежи. Ако не знаете таков – тогаш можеби токму вие сте тој во вашето друштво! Како и да е, за сите останати луѓе, ова однесување може да биде многу чудно затоа што не знаат зошто таа личност не сака допири. Во продолжение погледнете ги најчестите ситуации што за оние кои не сакаат физички контакт се многу отежнати.rnrn
rn1. Туѓи деца
rnДецата се цвеќињата во нивниот живот… сè додека ги набљудуваат од далеку. Тие ги обожаваат најмалите на блиските пријатели, но едноставно не сметаат дека е потребно преку прегратки да ја покажуваат нивната љубов. Единствените личности што тие ги прегрнуваат се нивните партнери и своите деца.rn
2. Лето
rnЛетата имаат еден голем проблем – испотени тела на сите луѓе во околината! Скоро невозможно е да не допрете непозната личност со разголена облека и испотена кожа и како за беља, тие најмногу се „лепат“ до оние што мразат физички контакт.rn
3. Прегратки без причина
rnНа овие личности им е многу тешко да разберат зошто мора да има прегратка при поздравувањето. За нив, мавтањето е нешто сосема прифатливо кога велат „Здраво“ или „Чао“.rn
4. Прегратки со причина
rnТие неретко запаѓаат во непријатна ситуација кога непозната личност ќе се обиде да ги прегрне. Уште полошо, во овие ситуации нивното однесување се перципира како студено, иако тие во своето срце се многу топли и добри личности.rn
5. Масажи
rnИако повеќето луѓе обожаваат масажи, оние што мразат физички контакти едноставно не можат да замислат да уживаат кога ги допира некоја сосема непозната личност… по целото нивно тело! Во нивните очи тоа е едноставно неприфатливо и неприродно.rn
6. Базени
rnБазенот е супа со луѓе. Моментот кога нивното лице ќе биде измиено со истата вода што измила нечии стапала ќе биде последен во нивниот живот.rn
7. Нови врски
rnПотребно им е време да се навикнат на нова личност во нивниот живот. Тие не се способни за инстантно отворање, но штом тоа се случи, тие ќе ја подарат сета нежност што ја чувствуваат во себе.rn
8. Стари пријатели
rnТие имаат само една порака за старите пријатели: „Не нè допирајте додека ни зборувате!“ Тие се сосема способни да го следат разговорот и без постојано да бидат подудирани по рамената или рацете.rn
9. И најважно од сè…
rnАко овие личности редовно ве прегрнуваат, тоа значи дека сте најважните и најсаканите личности во нивниот живот.rnrnПа, во која група спаѓате вие? Дали сте оние што немаат проблем со допирот, или од оние што целосно би го избегнале? Пишете ни во коментарите подолу… Во меѓувреме, прочитајте ги и овие 5 причини зошто физичкиот допир е толку важен!
-

Како да дознаете дали некој ве сака според начинот на кој ве допира?
Начинот на кој допирате некој кој го сакате всушност е многу различен од допирот за вашите пријатели или членови од семејството. Покрај очигледните допири кои ги споделуваат луѓето во врска, кога допирате некого за кого се грижите не е исто.rnrn
rnrnПа која е разликата? Погледнете кои се 4-те начини на кои допирот на партнерот покажува дали тој навистина ве сака.rn1. Тие се присутни со допирот
rn
rnrnЕден од најјасните знаци дека партнерот ви покажува чувства преку допир е неговата присутност. Што всушност значи ова? Според експертот за врски Сузан Винтер, станува збор за фокус и поврзаност.rn„Некој кој нè сака е фокусиран на нас, а нивниот допир е физичко искажување на нивните чувства. Чувствувате дека партнерот е присутен и поврзан со вас во тој момент. Тоа не е обичен допир, туку допир полн со топлина и љубов.“
rn
2. Нивниот допир е посебен
rn
rnrnМногу од меѓусебната комуникација е инстинктивна. Собираме суптилни вибрации на потсвесно ниво без воопшто да сме свесни за тоа. Истото важи и за физичкиот контакт.rn„Сите ние ја препознаваме љубовта со допир. Оние кои нè допираат на овој начин активираат одговор кое човечкото животно во нас го разбира. Знаеме дека она што го чувствуваме е вистина.“
rnИли со други зборови, кога знаете, знаете.rn
3. Нивниот допир прави да се чувствувате безбедно
rn
rnrnФизичкиот контакт од кој било што го сакате може да предизвика многу чувства како возбуда и мир. Но најважното нешто што треба да го почувствувате од допирот на партнерот е чувство на безбедност.rn„Веднаш се чувствуваме безбедни и сигурни кога ќе нè допре личност што нè сака. Се јавува чувство на мирна стабилност. Нивниот допир е приземјувачки.“
rnНо, ако допирот на некој кој ви вели дека ве сака ви предизвикува анксиозност, слушајте го тој инстинкт. Можеби вашето тело забележало нешто што не е во ред со врската.rn
4. Нивниот допир станува милување
rn
rnrnРазмислете како држите нешто што ви е навистина драго. Сигурно сте многу внимателни. Истото важи и за допирањето на луѓето кои ги сакаме.rn„Допирот е само допир, но кога ќе ве допре саканиот тоа станува милување. Допирот на нашиот сакан може да ни праќа неколку пораки, од сексуална привлечност до длабок восхит.“
rnПа како да ги разликувате овие допири од оние на партнер на кого не му е грижа за вас? Според Винтер, допирот на партнерот кој не ве сака нема топлина. Може да биде страстен, но во него има некој студ.rn
„Нивниот допир ќе биде како потребен чекор до поважното нешто – сексуалниот акт. Допирот од некој на кого не му е грижа е повеќе како земање отколку давање.“
rnПа следниот пат кога ќе ве допре партнерот, запрашајте се дали изгледа како давање, или пак само како земање.rnrnПогледнете и како да откриете дали тој од вас сака само секс.
-

5 причини зошто физичкиот допир е толку важен
Допирот најчесто се смета за едно од помалку користените сетила, па се става на последно место додека пак, на видот и на слухот им се дава многу поголема важност. Но она што можеби не сте го чуле досега е дека физичкиот допир е всушност најважното и најкористеното сетило. Вие секојдневно сте во контакт со толку многу работи и луѓе, што едноставно не можете да не им дадете значење на сите овие допири. Во продолжение прочитајте зошто тој е клучен за вас и зошто е потребно што повеќе да го зголемувате.rnrn
rn1. Физичкиот допир ви помага да заздравите
rnМасажите, акупунктурата и другите специфични лекови што вклучуваат допири се користат со векови. Допирот може дури и да ги исцели нашите умови – психолозите често користат допир за да им помогнат на жртвите на сексуален напад да ја вратат назад својата љубов кон себе.rn
2. Допирот помага при давање и добивање позитивна енергија
rnПостојат многу научни студии што ја поддржуваат оваа теорија. Позитивниот допир, како прегратка од пријател и држење за рака со саканата личност поттикнува ослободување на окситоцин, хормонот што прави да се чувствуваме подобро.rn
3. Допирот може да ви помогне да го добиете тоа што го сакате
rnКолкупати ви се случило со рака да допрете некого при обидот да му го објасните своето гледиште и вашето размислување скоро инстантно да биде прифатено? Тоа најчесто се случува и несвесно, а толку често што воопшто не се ни забележува.rn
4. Допирот ви помага да се поврзете со други луѓе
rnБлизината што ја чувствуваме со саканите е секогаш поддржана со физички допир, но тој може да ви помогне и при запознавањето нови луѓе. Се сеќавате на проектот „Бесплатна прегратка“ и како влијаеше тој на луѓето? Со само една прегратка се цртаа насмевки на лицата на сите што учествуваа.rn
5. Допирот помага при комуникацијата
rnКога разговараме, најчесто ги користиме рацете за гестикулации и допири со цел да ја нагласиме нашата мисла. На тој начин се создава поврзаност со чија помош полесно можеме да го искажеме тоа што го чувствуваме.rnrnПрочитајте ги и овие 4 причини зошто е добро секојдневно да гушкате некого.
-

4 причини зошто е добро секојдневно да гушкате некого
Авторката Ванеса Едвардс ја истражувала моќта на допирот. Таа вели:rn
„Нашата кожа е наш безбедносен систем, нашиот детектор за сензација и вратата кон светот околу нас. Допирот е првото чувство кое се развива кај човечкиот ембрион – помалку од 8 недели од зачнувањето, ембрионот има одвај 2,5 сантиметри и нема ни очи ни уши, но кожата е веќе развиена.“
rn
rnrnНа луѓето им се потребни кислород, храна, вода, но и допир. Допирот е сензација која ја имаме уште од многу мали. Човечкиот ембрион не може да гледа или да слуша, но може да чувствува допир. Допирот исто така е последното сетило кое се намалува во текот на староста.rnrnЕдно неодамнешно истражување од Универзитетот во Мајами забележало зголемување на тежината кај предвреме родените деца кои добивале терапија со масажа. Но што значи ова? Допирот е важен за секоја возраст. Погледнете ги 4-те причини зошто треба секојдневно да се гушкате со некој.rnГушкањето испушта „хормони на среќа“
rnОкситоцинот е хормон кој има многу голема улога во социјалното поврзување и репродукцијата. Гушкањето е еден од начините да го ослободите овој хормон, а тоа ќе ви помогне да ја зацврстите врската со вашиот партнер.rn
Гушкањето го подобрува имунитетот
rnКога се гушкаме, телото почнува да произведува неколку хормони што помагаат во борбата со инфекциите, и овозможуваат привремено подобрување на имунитетот.rn
Гушкањето е одлично против стрес
rnВо едно истражување, научниците демонстрирале дека настануваат моќни антистрес ефекти кога се зголемува нивото на окситоцин.rn
Гушкањето ја зголемува моќта на мозокот
rnГушкањето иста така позитивно влијае на мозокот бидејќи ги контролира хормоните кортизол и допамин. Допаминот, уште еден хормон кој го подобрува расположението, го подобрува вашето внимание, однесување, желба, додека кортизолот ги намалува. Ова е добро, бидејќи премногу кортизол може да ја зголеми анксиозноста и да ја намали когнитивната способност.rnrnПогледнете ги и овие 10 причини за 8 прегратки на ден!
-

Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење
Иновативниот кујнски систем „V-Motion“ го претвора секој дом во интерактивно опкружување. Благодарение на паметниот механизам, конвенционалната кујна се претвора во кујна на иднината која „оживува“ со само еден допир или движење, па го олеснува секојдневното работење во оваа просторија.rnrn
rnrnКујнските фиоки имаат интелигентен систем за отворање и затворање, кој се активира со едноставен допир од раката или ногата. Така, доколку сакате да ја отворите долната фиока, а рацете ви се зафатени, доволно е да ја допрете со ногата и кујната ќе одговори на вашето барање.rnrn
rnrnКористењето на кујната дополнително е олеснето со систем кој на движењето на раката го активира и го подига задниот панел на кујната, а истовремено ја врти чешмата и го вклучува светлото. На тој начин системот обезбедува повеќе простор во кујната и воедно ја прави поуредна.rnrn
rnrnОсветлувањето може да се избира на ист начин, со едноставни движења, а исто така овозможено е и внесување повеќе бои: Црвена, жолта, плава и зелена. Системот „V-Motion“ е креиран од еден водечки италијански производител на кујни, познат по елегантниот дизајн и врвната технологија.rnrn
rnrnСистемот е вграден во најновата линија кујни „Genius Loci“, но може да се прилагодува и на други.rnrn -

Што ќе се случи ако го оставите телефонот и го почувствувате светот околу вас?
Многу често ни се случува да се занесеме во екраните на нашите смартфони или во компјутерите и да изгубиме контакт со реалноста која нè опкружува. Постојано гледаме и читаме вести, информации, секакви фотографии, кои толку многу го окупираат нашето внимание при што забораваме на едно од нашите најважни сетила – допирот. Затоа, понекогаш е добро да си дадете оддишка од сета технологија и да се вратите на природата. Без оглед дали ќе одлучите вашиот телефон да го оставите настрана една цела седмица или само половина час, важно е малку да отстапите од екраните.rnrn
rnrnЗаборавете накратко на кликањето, лизгањето со палецот по мазната површина и ослободете ги вашите дланки да ја допрат и почувствуваат вистинската природа, а не само онаа виртуелната која секојдневно ја гледате на фотографиите. Вратете се во детството и ќе видите колку пријатно искуство може да биде тоа во ова времена вртоглаво брзиот развој на технологијата. Што ќе се случи ако го оставите телефонот и ако дозволите да го почувствувате светот околу себе?rnrn -

7 работи кои жените Јарци ги бараат од љубовта
Жените Јарци се вистински борци. Тие се работливи, вредни и силни личности и секогаш се гордеат на овие карактеристики. Тие очекуваат нивните партнери да ја ценат и почитуваат нивната издржливост и истрајност. Исто така, не само што вложуваат труд во својот професионален живот, туку работат и на подобрувањето на нивната љубовна состојба. Ова се 7-те начини на кои можете да им ја покажете својата љубов на жените Јарци и да им ја дадете почитта која ја заслужуваат.rnrn
rn1. Дајте им комплимент дури и кога не им е потребен
rnЖените Јарци се многу горди. Тие се независни и јаки, но тоа не значи дека не им се допаѓаат комплиментите. Тие сакаат нивниот труд да се исплати и да биде забележан. Обрнете внимание и дајте им еден љубезен комплимент за нивниот изглед или нивната досетливост. Можеби ќе се однесуваат како да не им е гајле и дека вашите комплименти не им се потребни, но внатре потајно ќе се порадуваат исто како и секоја друга личност.rn
2. Работете чесно и напорно за да ја заслужите платата
rnБидејќи жените Јарци се вредни и работливи, истото го очекуваат и од своите партнери. Погрижете се да имате стабилна работа во која ќе можете да ги покажете своите најдобри квалитети. Жените Јарци не се големи љубители на мрзеливите луѓе кои по цел ден седат пред телевизорот. Активирајте се и заслужете ги парите кои ги заработувате. Жените Јарци ќе го ценат тоа.rn
3. Бидете зависни и сигурни
rnКажете го она што го мислите и мислете го она што го кажувате. Бидете сигурни во себе, но бидете и личности со кои жените Јарци можат да се чувствуваат сигурно. Тие немаат време за слаби и несигурни личности. Тие сакаат нивните партнери да се грижат за нив. За возврат, ако жените Јарци забележат дека сте мотивирани и инспирирани, тие ќе ви покажат двојно повеќе љубов и грижа. Но, најпрво ќе мора да ја заслужите таа привилегија.rn
4. Бидете предвидливи, но не на досаден начин
rnЖените Јарци ја сакаат рутината бидејќи ги прави да се чувствуваат удобно. Можеби имате некои навики или традиции кои ги правите заедно, како на пример секоја сабота јадете кинеска храна или знаете дека вашиот партнер сака да јаде слатки работи, па секој трет ден им купувате чоколадо. На жените Јарци овие повторливи и предвидливи дејства воопшто не им се досадни, напротив, тие нив ги обожаваат.rn
5. Допирајте ги
rnШто е попривлечно од допирот? Малите допири и гестови, особено оние сензуалните, значат многу за жените Јарци. Можеби имале тежок и напорен ден на работа, па ќе ви бидат многу благодарни ако им направите масажа. Можеби се соочиле со некој предизвик кој ги направил нервозни, па ќе им значи ако ги држите за дланките и им покажете дека сте тука за нив и дека ги поддржувате дури и во најтешките моменти.rn
6. Запознајте ги со вашето семејство и пријателите
rnЕден од начините на кои можете да им ја покажете вашата љубов на жените Јарци е да ги запознаете со вашите најблиски. Не мора да претерувате со пофалните зборови и да ги направите центарот на вниманието, туку претставете ги како ваши партнери и бидете горди на тоа што го делите животот со нив.rn
7. Бидете приземни
rnЖените Јарци не се беби-ситерки. Нивниот живот е организиран и сакаат кога сѐ се одвива плански. Тие сакаат и да бидат главни и да имаат лидерски позиции. Жените Јарци се силни жени кои од своите партнери го очекуваат она што го очекуваат и од самите себеси: да имаат желба и мотивација да работат на успехот, да ги остварат своите цели и да се стремат кон општиот напредок во животот,к како на приватен така и на професионален план.
-

ХОЛОГРАМСКИ ДОПИР: Ќе можеме да го прегрнеме својот пријател во текот на видео разговор!
Јапонски научници успеаја да создадат нов вид технологија со холограми кои можат да се допрат. Ваквите трoдимензионални проекции се наречени „Fairy Lights“.rnrn
rnrnСистемот, при големи брзини, произведува ласерски зраци со висока резолуција кои траат многу кратко (милионити дел од милијардитиот дел од секундата). Кога раката ја попречува проекцијата, таа може да манипулира со холограмските пиксели.rnrnНаучниците веруваат дека оваа технологија може да има широка примена во медицината, архитектурата и секако во забавната индустрија.rn„Сегашната состојба на светлечката технологија не им овозможува на луѓето да имаат некаква интеракција со неа, ниту пак да ја почувствуваат светлоста како материјал, но ‘опипливиот холограм’ има потенцијал да го промени тоа. Вие не можете да ги почувствувате видеата и фотографиите кои ги емитува класичниот проектор. Но кога би проектирале 3Д слика која може да се допре, чувството би било неверојатно“ – изјави д-р Јоичи Очиаи од универзитетот Сукуба.
rnТој верува дека ваквата технологија, во редовна употреба, би го променила човечкото секојдневие.rnrnНаучниот портал „Pulse Headlines“, проценува дека со развојот на оваа технологија, ќе може да се креира холограмска тастатура, со чија помош би можеле да ја допреме другата личност која е на голема оддалеченост од нас, во текот на еден видео разговор.rnrn














