Начинот на кој допирате некој кој го сакате всушност е многу различен од допирот за вашите пријатели или членови од семејството. Покрај очигледните допири кои ги споделуваат луѓето во врска, кога допирате некого за кого се грижите не е исто.rnrn
rnrnПа која е разликата? Погледнете кои се 4-те начини на кои допирот на партнерот покажува дали тој навистина ве сака.rn
1. Тие се присутни со допирот
rn
rnrnЕден од најјасните знаци дека партнерот ви покажува чувства преку допир е неговата присутност. Што всушност значи ова? Според експертот за врски Сузан Винтер, станува збор за фокус и поврзаност.rn
„Некој кој нè сака е фокусиран на нас, а нивниот допир е физичко искажување на нивните чувства. Чувствувате дека партнерот е присутен и поврзан со вас во тој момент. Тоа не е обичен допир, туку допир полн со топлина и љубов.“
rn
2. Нивниот допир е посебен
rn
rnrnМногу од меѓусебната комуникација е инстинктивна. Собираме суптилни вибрации на потсвесно ниво без воопшто да сме свесни за тоа. Истото важи и за физичкиот контакт.rn
„Сите ние ја препознаваме љубовта со допир. Оние кои нè допираат на овој начин активираат одговор кое човечкото животно во нас го разбира. Знаеме дека она што го чувствуваме е вистина.“
rnИли со други зборови, кога знаете, знаете.rn
3. Нивниот допир прави да се чувствувате безбедно
rn
rnrnФизичкиот контакт од кој било што го сакате може да предизвика многу чувства како возбуда и мир. Но најважното нешто што треба да го почувствувате од допирот на партнерот е чувство на безбедност.rn
„Веднаш се чувствуваме безбедни и сигурни кога ќе нè допре личност што нè сака. Се јавува чувство на мирна стабилност. Нивниот допир е приземјувачки.“
rnНо, ако допирот на некој кој ви вели дека ве сака ви предизвикува анксиозност, слушајте го тој инстинкт. Можеби вашето тело забележало нешто што не е во ред со врската.rn
4. Нивниот допир станува милување
rn
rnrnРазмислете како држите нешто што ви е навистина драго. Сигурно сте многу внимателни. Истото важи и за допирањето на луѓето кои ги сакаме.rn
„Допирот е само допир, но кога ќе ве допре саканиот тоа станува милување. Допирот на нашиот сакан може да ни праќа неколку пораки, од сексуална привлечност до длабок восхит.“
rnПа како да ги разликувате овие допири од оние на партнер на кого не му е грижа за вас? Според Винтер, допирот на партнерот кој не ве сака нема топлина. Може да биде страстен, но во него има некој студ.rn
„Нивниот допир ќе биде како потребен чекор до поважното нешто – сексуалниот акт. Допирот од некој на кого не му е грижа е повеќе како земање отколку давање.“
rnПа следниот пат кога ќе ве допре партнерот, запрашајте се дали изгледа како давање, или пак само како земање.rnrnПогледнете и како да откриете дали тој од вас сака само секс.