Иако многумина не би поверувале, постојат многу знаци кои покажуваат дали тој е добар во кревет дури и ако никогаш не сте го виделе на дело. Овие нешта укажуваат на добар љубовник, па ако сте љубопитни продолжете да читате.rnrn
rn
1. Сака да знае како се чувствувате
rnВе прашува како ви поминал денот, како се чувствувате, што е тоа што ве прави среќни. Ако тоа го прави секојдневно, постои голема веројатност да биде исто толку заинтересиран за тоа што сакате а што не во кревет.rn
2. Знае каде да ве допре
rnСекој негов допир како да е однапред испланиран да ги испровоцира вашите ерогени зони. Истото очекувајте го во кревет.rn
3. Прави да се чувствувате полни со самодоверба
rnВе третира како да сте најубавото и најсекси суштество на светот. Ако ви влева толкава самодоверба ќе бидете помалку свесни за мааните на вашето голо тело, што ќе резултира со подобар секс.rn
4. Вреден е и амбициозен
rnИако ова ви звучи смешно, ако тој е вреден и амбициозен секогаш ќе биде за акција наместо мрзеливо да лежи и секогаш ќе сака да поттикнува нови нешта и промени.rn
5. Добро игра
rnЗнаеме, и ова ви звучи смешно. Но, оној кој игра добро и знае да се опушти додека игра, негува посебна страст и нема срам од своите чувства.rn
6. Воспоставува интензивен контакт со очи
rnЗнае како да си игра и да освојува со очите. Самиот негов поглед прави да ви се затресат колената. Да, тој очигледно знае што прави.rn
7. Не избрзува
rnНе се обидува да ви ја пикне раката под блуза 10 секунди после поздравот. Тоа значи дека е воздржан, ненападен и веројатно ќе издржи многу подолго тогаш кога ќе биде потребно.rn
8. Не осудува
rnНе осудува често и прифаќа промени и различни мислења и сфаќања. Тоа значи дека е отворен за промени и на интимно поле.rn
9. Се чувствувате удобно во негово друштво
rnНе се плашите, не чувствувате потреба да се преправате. Ако нешто ви пречи и му кажете да прекине тој престанува. Многу е важно како се чувствувате во негово друштво и каква енергија пренесува, исто колку што е важно колку ве почитува и ги слуша вашите желби и потреби.rn
10. Самоуверен е
rnШто значи дека ќе биде слободен па и двајцата ќе се чувствувате убаво и удобно.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.