КАФЕ ПАУЗА

Tag: депресија

  • Како да се сакате себеси во моментите на депресија?

    Како да се сакате себеси во моментите на депресија?

    Еден од најважните чекори кој ќе ви помогне полесно да се справите со депресијата е да се сакате повеќе себеси. Од друга страна, доколку работите на развивање позитивен однос кон себе, ќе имате продуктивни, и урамнотежени здрави односи со вашите пријатели, семејството и колегите.rnrnКако да се сакате себеси во моментите на депресија?rnrnШто значи да се сакате себеси? Значи да се грижите и цените себеси на сличен начин како што би сакале некој пријател или член на семејството. Тоа значи дека издвојувате време да се запознаете себеси, да се почитувате и да развиете врска со себе. Тоа значи и дека ќе се грижите за себе и ќе практикувате навики кои ќе ја подобрат вашата благосостојба и ќе ви бидат еден вид штит од надворешните негативни влијанија. Во продолжение прочитајте како да се сакате себеси во моментите кога се соочувате со депресија.rn

    1. Почнете повеќе да се грижите за себе

    rnГрижата за себе во овој момент сигурно ќе биде тежок чекор со оглед на тоа дека правењето нешто убаво за себе е последното нешто за кое веројатно сакате да размислите или за што можете правилно да размислите сега. Но, од големо значење е да почнете да ги правите оние мали нешта кои можат да ви дадат енергија да се справите со поголемите предизвици. Зборуваме за секојдневни навики како грижата за себе, хигиената, здравата исхрана, прошетките, разговор со вашите најблиски.rn

    2. Воздржете се од самоосудување

    rnЗнаете дека вие самите сте си најсуровиот критичар со оглед на тоа дека постојано ви се вртат во глава осуди и критики за она што сте го сториле или она што требало, а не сте го направиле. Првиот чекор е да престанете да се осудувате себеси бидејќи никој не е совршен. Прифатете го фактот дека грешките можат да ви помогнат да се подобрите и подобро да се спознаете себеси. Можеби сè уште не сте ги постигнале вашите цели, но доволно е сознанието дека се движите во вистинската насока. Освен тоа, не споредувајте се со другите бидејќи секој се соочува со предизвици и разноразни битки во животот.rn

    3. Простете си себеси

    rnСите грешиме, сите попуштаме кога не треба, сите на моменти им даваме приоритет на погрешните работи. Уште една потврда дека се сакате себеси е оставањето простор за грешки. Сè што треба да направите е да бидете искрени и да го прифатите фактот дека сте направиле грешка и дека ќе работите да се подобрите.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да се сакате себеси во моментите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и за раните симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • На кој начин може да се влоши депресијата?

    На кој начин може да се влоши депресијата?

    Дали се соочувате со влошување на депресијата? Доколку постојано сте опседнати со депресивни мисли дури и ако се обидувате да ги одбегнете, можеби е време да размислите за менување на вашите секојдневни навики.rnrnНа кој начин може да се влоши депресијата? rn

    1. Често ја избегнувате дневната светлина

    rnДали знаевте дека недостатокот на Д витамин може значително да ја влоши депресијата? Витаминот Д кој го примаме преку сончевите зраци ги зголемува нашите хормони за среќа и ја подобрува нашата целокупна благосостојба. Така, доколку сакате да ги истуркате депресивните мисли доволно е да излезете на прошетка и да уживате во денот.rn

    2. Нарушено спиење

    rnНередовното спиење е уште една причина за влошување на вашата депресија. Освен тоа, недоволното спиење не само што може негативно да влијае врз вашето расположение туку тоа може сериозно да му наштети на вашето ментално здравје.rn

    3. Изолација и избегнување социјални интеракции

    rnЛуѓето кои се борат со депресија честопати се изолираат од своите сакани и избегнуваат секаков вид на социјална интеракција. Тие честопати чувствуваат дека се товар за другите и дека непотребно им го окупираат времето или дека понекогаш не чувствуваат потреба од разговор. Но, оваа самонаметната изолација е една од причините за влошување на депресијата. Ние сме по природа социјални суштества и затоа ни е неопходен одреден социјален контакт за да се чувствуваме подобро.rn

    4. Јадење нездрава храна

    rnПонекогаш ни се чини дека единствениот начин да се утешиме во моментите на очај е нездравата, брза храна полна со маснотии. Сепак, не треба да заборавиме дека здравата и урамнотежена исхрана е многу подобар и поздрав начин за подобрување на нашето расположение.rnrnОткако прочитавте на кој начин може да се влоши депресијата, можеби ќе сакате да прочитате и за раните симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Рани симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите

    Рани симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите

    Депресијата е една од најчестите ментални болести во светот поради што од големо значење е да ги препознаете нејзините симптоми и навремено да побарате помош од психолог или психотерапевт. Во продолжение прочитајте кои се раните симптоми на депресијата што не смеете да ги занемарите.rnrnРани симптоми на депресија кои не смеете да ги занемаритеrn

    1. Губење надеж

    rnЕден од првите и најочигледни знаци на депресијата е губењето надеж. Тоа се манифестира со песимистичките мисли, недостатокот на верба во себе и верувањето дека светот е неправеден и суров и дека е залудно да се обидувате да направите нешто за себе или за другите.rn

    2. Недостаток на ентузијазам

    rnДоколку воопшто не се грижите за вашите интереси или хобија кои до неодамна ви причинуваа задоволство, треба да се прашате дали постои сериозна причина зошто е тоа така.rn

    3. Несоница

    rnДали ви е тешко да заспиете во последно време? Честопати се будите ноќе? Можно е депресијата да биде главната причина за вашата несоница.rn

    4. Ненадејна промена во апетитот и телесната тежина

    rnДепресијата може да доведе до нагло зголемување или намалување на апетитот, и следствено на тоа, зголемување или намалување на телесната тежина. Консултирајте се со лекар доколку забележите вакви промени.rn

    5. Неможност да се контролираат чувствата

    rnАко во последно време ве обземаат чувства кои не можете да ги контролирате, големи се шансите дека сте во рана фаза на депресија. Не заборавајте дека во таквата ситуација од суштинско значење е да се воздржите од избрзаните одлуки за кои подоцна можете да се покаете.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со рани симптоми на депресија на кои морате да обратите внимание, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

    Која е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста?

    Една од главните причини според кои печурките се доста застапени во нашата исхрана е нивниот вкус, но според нутриционистите, тие се карактеризираат и со здравствени придобивки. Печурките се одлична замена за месото и се богати со антиоксидантни својства кои го поддржуваат имунолошкиот систем во борбата против воспаленија и инфекции. Покрај тоа, во последно време се актуелизира влијанието на печурките во борбата со симптомите на депресија и анксиозност.rnrnКоја е поврзаноста помеѓу печурките и анксиозноста? rnrnСекако, печурките не можат да бидат замена за терапија. Но, според едно истражување спроведено од медицинскиот колеџ Пен Стејт, печурките би можеле да ги намалат симптомите на овие болести.rnrnПодатоците на околу 24.000 возрасни испитаници во САД собрани во периодот помеѓу 2005 и 2016 година покажале дека луѓето кои често консумирале печурки имале пониски нивоа на депресија и анксиозност. Истражувачите откриле и дека оние испитаници кои јаделе печурки во умерена доза исто така имале помал ризик од заболување во споредба со оние кои воопшто не јаделе печурки или ги консумирале во многу мали количини.rnrnНаодите од истражувањето ја потврдиле хипотезата дека луѓето кои консумираат печурки имаат помал ризик од депресија поради високите нивоа на антиоксиданси, антиинфламаторни компоненти како и витамин Б-12.rn

    „Печурките се најголем извор на аминокиселината ерготионеин – антиинфламаторно средство кое луѓето не можат да го синтетизираат“, изјави главниот истражувач Џибрил Ба.

    rnИстражувањето е ветувачко во насока на нутриционистичко решение за превенција и третман на нарушување на расположението. Ејми Шапиро, нутриционист и основач на Real Nutrition, вели дека наодите од истражувањето се охрабрувачки, но потребни се повеќе истражувања за понатамошно проучување на потенцијалните придобивки од консумирањето печурки. Покрај тоа, истражувањето не споменува кои видови печурки ги користеле учесниците, туку дава само детален опис на храната што ја консумирале.rnrnСекој вид на печурка се одликува со различни нутритивни придобивки, но никогаш не може да се земе здраво за готово кога станува збор за менталното здравје. Кога станува збор за депресија и анксиозност, секогаш се претпочита психолошката терапија.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу печурките и симптомите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за крем супа од печурки.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs

  • 10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија

    10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија

    Не секаде во светот депресијата е признаена како ментална болест. Напротив, голем процент од луѓето ја сметаат депресијата за нешто што е минливо и што може лесно да се реши. Честопати, кога некој од нашите најблиски ќе ни открие дека се бори со депресија, ние сме навикнати да носиме погрешни заклучоци и да ги советуваме што да прават. Во продолжение прочитајте што не треба никогаш да им кажете на вашите пријатели кои минуваат низ депресија.rnrn10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресијаrn

    1. „Ова е само тежок период од твојот живот. Ќе ти помине тагата.“

    rnДоколку му кажете на некој кој е депресивен дека е „само тажен“ ја прекршувате довербата што ви била дадена. Наместо да осудувате, обидете се следниот пат да слушате кога некој ќе ви се довери.rn

    2. „Другите поминале и низ многу полошо од ова. Животот едноставно не е фер.“

    rnТврдењето дека постојат луѓе кои страдаат повеќе од вашиот пријател е навреда за неговата интелигенција. Можете да му оставите до знаење дека се грижите за него и дека не е сам.rn

    3. „Сè е во твојата глава.“

    rnПовторно, ја омаловажувате борбата која ја води вашиот пријател, а тоа може да се одрази уште полошо врз неговата состојба. Покажувањето со прст кон него лесно може да доведе до губење на неговата самодоверба. Обидете се да му кажете дека и покрај сè нема да го напуштите.rn

    4. „Нема причина да бидеш во депресија.“

    rnСосема бескорисно е кога му кажувате некому како да се чувствува. Треба да ја признаете болката на пријателот и да го потсетите дека сте тука за него.rn

    5. „Пробај да бидеш среќен.“

    rnДа му кажете некому дека треба да се расположи, е бесчувствително. Со тоа оставате порака дека немате желба да ги разберете чувствата на пријателот.rn

    6. „Излези од дома, биде активен!“

    rnНаместо да му наметнувате задачи на пријателот или да го советувате што треба да прави, прифатете го начинот на кој тој се справува со ситуацијата. Секако, можете заедно да гледате филм, да одите на прошетка или да правите нешто друго во кое тој ќе ужива.rn

    7. „Престани да се самосожалуваш!“

    rnОва никако не смеете да го кажете на некој кој минува низ депресија. Депресијата не е состојба што можеме да ја прекинеме или активираме кога ќе посакаме. Наместо тоа, објаснете му на пријателот дека сте свесни за неговата ситуација и дека му стоите на располагање за каква било помош.rn

    8. „Знам како се чувствуваш. И јас поминав низ истото.“

    rnЗабораваме дека кога некој ја споделува со нас сопствената болка, се чувствува ранливо. Пријателот не очекува од нас целосно да разбереме низ што поминува или да ги решиме неговите проблеми. Нему едноставно му е потребен некој кој ќе го ислуша и ќе го утеши.rn

    9. „Што е проблемот? Што не е во ред?“

    rnВажно е да знаете дека депресивната личност не може конкретно да ги опише своите чувства. Не барајте одговори, само слушајте.rn

    10. „Правиш да се чувствувам лошо.“

    rnВаквиот начин на обраќање кон некој што страда од депресија е дефинитивно неприфатлив. Луѓето кои се жртви на депресија, вообичаено ја поднесуваат во тишина. Немојте да ја нарушувате нивната доверба и бидете свесни за фактот дека депресијата не е избор. Овие тешки зборови можат дополнително да ја влошат ситуацијата.rnrnОткако прочитавте кои работи не смеете никогаш да му ги кажете на пријателот кој минува низ депресија, ви предлагаме да ги прочитате и митовите за депресијата во кои треба да престанете да верувате.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?

    Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?

    Apple работи на нова технологија која би можела да помогне при дијагностицирање на проблеми со менталното здравје и когнитивниот пад.rnrnДали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија? rnrnКако што објави The Wall Street Journal, технолошкиот гигант работи на нова функција на ајфон која може да открие дали корисникот е депресивен или страда од когнитивно нарушување. Технологијата ќе користи сензорни податоци, вклучувајќи ја физичката активност на корисникот, шемата на спиење, начинот на куцање, за да ги забележи дигиталните сигнали поврзани со различните ментални или невролошки проблеми.rnrnApple ја усовршува оваа технологија во соработка со Универзитетот во Калифорнија како и фармацевтската компанија Biogen. Истражувачите од универзитетот ги проучуваат стресот, анксиозноста и депресијата, додека фармацевтската компанија работи на истражување на случаите со благо когнитивно нарушување.rnrnВо текот на истражувањето кое започна претходната година, Apple ги следи податоците на околу 30.000 испитаници. Истражувачите ги следат податоците од камерата на телефонот, тастатурата и аудио сензорите. Податоците кои се собрани на тој начин, можат да алудираат на менталната состојба на испитаникот, земајќи ги предвид неговите изрази на лицето, тонот со кој зборува, колку често оди на прошетка, шемата на спиење, отчукувањата на срцето и дишењето, како и брзината со која куца на тастатурата и содржината на тоа што го пишува.rnrnИ покрај најавата дека ваквиот тип технологија може значително да придонесе за превенција на одредени здравствени проблеми, сепак сè уште нема конкретни резултати. Како и да е, нема да биде чудно доколку вашиот телефон се претвори во ваш мал, џебен лекар.rnrnОткако дознавте кои технолошки достигнувања на ајфонот се во тек, можеби ќе сакате да откриете и 11 корисни опции на вашиот ајфон што сигурно не сте знаеле дека постојат.rnrnИзвор: dazeddigital.com

  • Како темното чоколадо може да ви помогне кога сте депресивни?

    Како темното чоколадо може да ви помогне кога сте депресивни?

    Добри вести: едно неодамнешно истражување во кое биле опфатени 13.000 возрасни Американци покажало дека луѓето кои јаделе темно чоколадо во последните 24 часа биле 70% помалку склони кон депресија.rnrnrnrnПридобивките не се должеле само на задоволството од вкусот бидејќи истите ефекти не се постигнале со консумирање млечно чоколадо кое многумина го претпочитаат. Можеби ќе си речете дека луѓето кои се стремат кон здрав начин на живот веројатно и консумираат темно чоколадо. На крајот на краиштата, повеќето од нас знаат дека темното чоколадо може да спречи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, когнитивни нарушувања и многу други болести.rnrnНо, за разлика од другите истражувања, овие научници испитувале и други фактори кои го одредуваат начинот на живот, како физичка активност, пушење, алкохол, консумирање шеќер и број на калории кои се внесуваат дневно во организмот. Исто така земени предвид биле и возраста, полот, брачниот статус, образованието, приходите, телесната тежина и присуството на хронични заболувања. На крајот било лесно да се дојде до заклучок.rnrnУште подобро е што не постои некаква реална закана за вашиот струк затоа што доволна е мала количина темно чоколадо за да се постигнат овие антидепресивни ефекти. Во просек, испитаниците јаделе околу 15 грама дневно. Квалитетот на темното чоколадо исто така не играл улога: не мора да купувате скапи брендови кои ветуваат висок процент на какао.rnrnrn

    Кои состојки во темното чоколадо имаат антидепресивни ефекти?

    rn

    1. Флаваноли

    rnОва се хранливи материи што го штитат мозокот, а исто така се присутни и во црвеното вино, бобинките, јаболката, цитрусното овошје, зелен и црн чај.rn

    2. Кофеин и теобромин

    rnОвие состојки брзо делуваат врз подобрување на расположението и когнитивните процеси. Какаото е главен извор на теобромин, додека пак освен во кафето, кофеинот е присутен и во многу други намирници.rn

    3. Н-ацилетаноламини

    rnОваа масна киселина предизвикува еуфорични ефекти и е ветувачка во однос на лекувањето на бактериски, габични и вирусни инфекции. Исто така, има антивоспалителни, антибактериски и антивирусни својства.rn

    4. Фенилетиламин

    rnФенилетиламинот го зголемува лачењето на допамин, невротрансмитер што го подобрува расположението и е одговорен за мотивација и фокусираност.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, ви предлагаме рецепт со топло чоколадо и рум.

  • Знаци кои покажуваат дека не знаете како да се справите со емоциите

    Знаци кои покажуваат дека не знаете како да се справите со емоциите

    Додека избегнувањето на справување со сопствените емоции е нездраво, има голем број луѓе кои не знаат како да се справат со она што го чувствуваат.rnrnОва во најголем дел се должи на општеството, воспитувањето и непишаните правила кои честопати нè „отсекуваат“ од она што навистина го носиме во нас. Понекогаш ги замолчуваме и потиснуваме емоциите од срам и страв од она што другите ќе го кажат, понекогаш мислиме дека последиците од изразувањето емоции се премногу големи, а понекогаш е полесно да молчиме и да го игнорираме она што се случува во нас отколку да зборуваме гласно за тоа. Покрај тоа, недостатокот на образование за емоциите и нивната важност нè доведува во ситуации кога ги потиснуваме емоциите и се лажеме себеси.rnrnЗнаци кои покажуваат дека не знаете како да се справите со емоциите rnrnВажно е да се знае дека понекогаш запирањето на емоциите е вистинскиот чекор. На пример, подобро е да се воздржите од излив на гнев во време што не е соодветно за тоа. Но, не е добро да се задржува овој гнев долго време, бидејќи може да нè доведе до услови што се крајно опасни за нашето ментално здравје. Добрата работа е што секогаш можеме да работиме на прифаќање на сопствените емоции и да научиме како да ја направиме вистинската работа и како да се справиме со самите себе. Но, во општество кое постојано не потсетува на срам, тоа е сосема нормално. Ако се сомневате дека не знаете како да ги прифатите вашите сопствени чувства, подолу ви донесуваме неколку знаци за да го препознаете овој проблем.rn

      rn 011

    • Потребата од алкохол во налетот на „негативните“ емоции
    • rn 011

    • Избегнување конфликти со вашиот партнер или пријатели
    • rn 011

    • Промена на теми кога се зборува за работи што прават да се чувствувате непријатно
    • rn 011

    • Не поминувате време со себе
    • rn 011

    • Постојана грижа
    • rn 011

    • Постојано им судите на другите
    • rn 011

    • Избегнување на интимност
    • rn 011

    • Се чувствувате непријатно во моментите кога добивате комплимент
    • rn 011

    • Чувство на длабока тага или нервоза
    • rn

    rnАко се препознаете во некој од овие знаци, треба да знаете дека постои начин на кој можете да го решите вашиот проблем. Овие знаци се само начини на кои вашиот ум се брани од несакани последици. Одбраната не е лоша работа, но ако тоа го правите предолго и премногу често, вие всушност си штетите на себеси повеќе отколку што се браните од другите. Честото бегство доведува до разни ментални проблеми и нарушувања како што се депресија, анксиозност и разни видови на ментални болести. Ако препознавте некои од горенаведените знаци, не бидете строги кон себе и треба да знаете дека емоциите, какви и да се, се сосема нормална работа. Прифатете ги и не казнувајте се. Ако чувствувате голем товар поради нив, консултирајте се со професионалец.rnrnПрочитајте ги и овие 3 совети за оптимистичко размислување и позитивен поглед на животот.

  • „Ethos“: Серија која нѐ потсетува дека депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религија

    „Ethos“: Серија која нѐ потсетува дека депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религија

    Турскиот сценарист Беркун Оја не сакаше да одржи час по социологија и психологија со серијата „Етос“, но не е лошо одвреме-навреме да ги потсетуваме луѓето дека вознемиреноста, депресијата, незнаењето, сомнежите, стравовите и несреќите не знаат за пол, класа и религија. Тие постојат во различни форми и насекаде. Понекогаш тие само поминуваат, а понекогаш се возат со автобус без намера да се упатат кон излезната врата, оставајќи тага без датум на истекување.rnrn„Ethos“: Серија која нѐ потсетува дека депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религијаrnrnАко ја прашавте Меријем, нараторот на серијата: „Како си?“, таа ќе ти одговореше: „Добро сум.“, а потоа би продолжила со секојдневните обврски. И кога би сакала, не би можела да објасни како се чувствува. Не би рекле дека таа е несреќна или среќна, туку таа само постои. Живее со нејзиниот брат и неговата сопруга – кратко и јасно. Но, кога таа вели дека сопругата на неговиот брат спие цел ден и дека неколку пати сакала да си го одземе животот, јасно е дека животот што го живее не е среќен.rnrnПо некое време, таа почнува да се онесвестува многу често, а тоа се случува на свадби или на други церемонии. По еден куп прегледи и анализи, таа беше испратена кај психолог. Серијата започнува во канцеларијата на психологот Пери. Таа сака да ѝ удри шлаканица во лице на Меријем, бидејќи Пери не ги сака нејзината шамија, незнаењето, ограничувањата во животот, класната припадност, па дури и нејзината невиност. Класната позадина и хиерархискиот статус на Меријем и Пери не се исти, но колку и да се оддалечени едни од други на животните скали, тие се еднакви во нивната нееднаквост.rnrnПриказната истражува разни луѓе кои се во контакт со актерките што ги среќаваме во прологот. За нивните животи, стравовите, сомнежите што ги тераат да се будат ноќе и да не можат да дишат, фрустрациите што ги тераат да креваат рака кон себе. Менталитетот и меѓучовечките односи кои се многу слични на нашите, даваат уште појасна слика за она што го гледаме. „Етос“ е како јинг и јанг, црно-бело, трагедија и комедија.rnrn„Етос“ како маестрално проучување на случајот и личноста е посветен на деталите. Дури и во сцените каде се чини дека ништо не се случува, постои еден детаљ што е наратив сам по себе, иако зборот не е изговорен.rnrnБрилијантното сценарио и актерска екипа што е фантастична од почеток до крај се шлаг на оваа торта. „Етос“ не е хит во Македонија, ниту серија за која сите зборуваат, но навистина вреди.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=3xB3_v09vuwrnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за „It’s a sin“: ТВ серија што ја освои публиката ширум светот.

  • Митови за депресијата во кои треба да престанете да верувате

    Митови за депресијата во кои треба да престанете да верувате

    Депресијата не е краткорочна состојба што може да се поистовети со тагата. Депресијата е сериозна болест која, како и секоја друга, бара третман. Но, и покрај опасните последици што се јавуваат ако не се лекува, многу луѓе ја сфаќаат и ја поистоветуваат депресијата со тешките емоции и со тагата што можат да поминат без лекарска помош. За да разберете со што навистина се соочува личноста што е во депресија, прочитајте кои се најчестите митови поврзани со оваа ментална болест.rnrnМитови за депресијата во кои треба да престанете да веруватеrn

    Депресијата е исклучиво во главата

    rnДепресијата е болест која се карактеризира со промени во расположението, но исто така се манифестира преку болка. Физичките симптоми, како што забележуваат експертите, се подеднакво важни како емоционално-менталните и не треба да се игнорираат. Тие ни покажуваат дека депресијата е многу реална и може да биде исклучително штетна за нашето здравје ако не се лекува.rn

    Од депресија може да страдаат само луѓето кои имаат некаква траума

    rnВообичаена предрасуда кај луѓето е дека само одредени луѓе може да страдаат од депресија. Во оваа група спаѓаат сите оние кои поминале низ тешки периоди од животот, оние кои се соочуваат со одредени трауми и оние кои имале тежок живот. Но, депресијата не е болест резервирана само за луѓето со тешки животни приказни. Депресија може да имаат и успешни, остварени и отворени луѓе кои се сакани во општеството.rn

    Депресијата е исто што и тагата

    rnДа се чувствувате потиштено и да бидете депресивни се сосема различни работи што никогаш не треба да се мешаат, да се изедначуваат или да се споредуваат. Депресијата може да биде поврзана со чувства како што се тага и потиштеност, но таквите чувства не траат толку долго колку што трае депресијата. Депресијата може да трае до една година ако не се лекува и, за разлика од тагата, не може да помине без помош од специјалист. Исто така, луѓето кои се борат со депресија може да почувствуваат низа други симптоми. Тие може да бидат безволни, напнати, раздразливи и да имаат многу негативен став кон себе и кон светот.rn

    Депресивните луѓе се слаби луѓе

    rnДепресијата не е слабост. Депресијата е болест и никогаш не треба да ги дискриминирате луѓето во депресија. Депресивните луѓе не избрале да бидат такви. Сепак, тие постојано се соочуваат со грди коментари од луѓе кои сметаат дека депресивните луѓе не се трудат доволно, дека се мрзливи и дека немаат волја за промена. Депресијата е сериозна состојба која бара третман. Немојте да ја поистоветувате со слабоста и немојте да мислите дека депресивните луѓе живеат поинаков живот затоа што така сакаат. Депресивните луѓе имаат потреба од поддршка и од разбирање. Не скратувајте им го тоа.rnrnПрочитајте што треба да правите секојдневно за полесно справување со депресијата.