Добри вести: едно неодамнешно истражување во кое биле опфатени 13.000 возрасни Американци покажало дека луѓето кои јаделе темно чоколадо во последните 24 часа биле 70% помалку склони кон депресија.rnrn
rnrnПридобивките не се должеле само на задоволството од вкусот бидејќи истите ефекти не се постигнале со консумирање млечно чоколадо кое многумина го претпочитаат. Можеби ќе си речете дека луѓето кои се стремат кон здрав начин на живот веројатно и консумираат темно чоколадо. На крајот на краиштата, повеќето од нас знаат дека темното чоколадо може да спречи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, когнитивни нарушувања и многу други болести.rnrnНо, за разлика од другите истражувања, овие научници испитувале и други фактори кои го одредуваат начинот на живот, како физичка активност, пушење, алкохол, консумирање шеќер и број на калории кои се внесуваат дневно во организмот. Исто така земени предвид биле и возраста, полот, брачниот статус, образованието, приходите, телесната тежина и присуството на хронични заболувања. На крајот било лесно да се дојде до заклучок.rnrnУште подобро е што не постои некаква реална закана за вашиот струк затоа што доволна е мала количина темно чоколадо за да се постигнат овие антидепресивни ефекти. Во просек, испитаниците јаделе околу 15 грама дневно. Квалитетот на темното чоколадо исто така не играл улога: не мора да купувате скапи брендови кои ветуваат висок процент на какао.rnrn
rn
Кои состојки во темното чоколадо имаат антидепресивни ефекти?
rn
1. Флаваноли
rnОва се хранливи материи што го штитат мозокот, а исто така се присутни и во црвеното вино, бобинките, јаболката, цитрусното овошје, зелен и црн чај.rn
2. Кофеин и теобромин
rnОвие состојки брзо делуваат врз подобрување на расположението и когнитивните процеси. Какаото е главен извор на теобромин, додека пак освен во кафето, кофеинот е присутен и во многу други намирници.rn
3. Н-ацилетаноламини
rnОваа масна киселина предизвикува еуфорични ефекти и е ветувачка во однос на лекувањето на бактериски, габични и вирусни инфекции. Исто така, има антивоспалителни, антибактериски и антивирусни својства.rn
4. Фенилетиламин
rnФенилетиламинот го зголемува лачењето на допамин, невротрансмитер што го подобрува расположението и е одговорен за мотивација и фокусираност.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, ви предлагаме рецепт со топло чоколадо и рум.