Во петок (13.12) во меморијалниот центар Никола Кљусев модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева ќе ја промовира бизнис колекцијата „Unrestricted“ како продолжение на последната колекција „Ослободување“.rnrn
rnrnПредновогодишната бизнис колекција е инспирирана од урбаната деловна жена која балансира со бизнис динамиката и убавината.rnrnOваа колекција како што најавува Ѓоргиева ќе ја ослободи жената од формалноста и стереотипите во бизнис стилот.rnrnНовата колекција ќе биде промовирана од десет истакнати македонски бизнис жени: Љупка Наумовска – сопственик на Ханибиз, Снежана Лупевска – продуцент и новинар, Марта Наумовска Грнарова – генерален менаџер на Завар Компани, Билјана Василева Трендафилова – новинар и уредник во МРТ, Анета Пешева – директор на Ултра, Славица Николовска – основач на Македонска мрежа на ментори, Билјана Трајковска- сопственик на винарија и дестилерија Трајковски „Traikovsky Wines & Spirits“, Билјана Зафирова – главен и одговорен уредник на republika.mk, Ли Вебер Турковиќ – директор на Контент маркетинг и Олгица Ѓоргиева – моден дизајнер.rnrnВеднаш по официјалната промоција комерцијалната колекцијата ќе биде пуштена во продажба.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.