Голем Телеком музички спектакл на 19 септември, во Скопје пред „Порта Македонија“ со најголемата македонска ѕвезда Каролина, атрактивната поп дива Северинa и култниот продуцент и диџеј Дејвид Моралес…
rn
rnrnВоведувањето на брендот Телеком на македонскиот пазар, после згаснувањето на брендовите Т-Home и T-Mobile, освен што ќе донесе нова вредност за корисниците, несомнено ќе понуди и поинаква содржина, нови искуства и доживувања.rnrnНа 19 септември во Скопје пред „Порта Македонија“ со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи незаборавен Телеком музички спектакл на кој се поканети сите граѓани, заедно да прославиме во светот на еден Телеком.rnrnНа големиот настан ќе настапат нашата најголема ѕвезда Каролина, атрактивната поп дива Северина како и култиот ди-џеј Дејвид Моралес. Каролина ќе се претстави со добро познатиот проект „Македонско девојче“, а Северина ќе ја оправда верноста на македонската публика со своите бројни стари и нови хитови.rnrnАтмосферата дополнителнително ќе се загрее со добитникот на Греми награда, култниот продуцент и ди-џеј, Дејвид Моралес чиј настап секако не смее да се пропушти.rnrnВодител на настанот е урнебесниот Сашко Коцев.rnrnЗабава ќе биде организирана и за најмладите со почеток од 12 часот во паркот Жена-борец со супер детска програма исполнета со интересни игри и забава со најдобрите детски хитови.rnrnОтсега под брендот Телеком ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и и Cloud решенија. Воспоставувањето на еден бренд има за цел поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком.rnrnНаскоро на македонскиот пазар ќе бидат промовирани нови пакети на услуги и интегрирано продуктно портфолио за приватните и бизнис корисниците, направени според начинот на живеењето и потребите на модерните корисници.rnrnКомпанијата, која е технолошки лидер во регионот ќе се фокусира на ваков тип на интегрирани понуди и во иднина, што се очекува да доведе до уште подобро позиционирање на пазарот.
