КАФЕ ПАУЗА

Како кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението

Како кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението

Додека уживате во кафето како еден од омилените пијалаци во светот, сигурно не ни помислувате на тоа дека вашиот избор на кафе зборува за вашиот карактер.rnrnКафето како дел од нашето секојдневие, во кој било дел од денот, подготвено на различни начини, испиено во најразличен амбиент, во различно друштво, стана голем ритуал.rnrnКако кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположениетоrn

Зошто го сакаме кафето?

rnНаучниците од Харвард утврдиле дека нашата генетика, поточно разликите во нашата ДНК, се одлучувачки за тоа кој ќе сака кафе, а кој не. Како ќе реагираме на кафето зависи токму од гените. Кафето го сакаме од различни причини. Тоа ни го бистри умот затоа што кофеинот влијае на нашата будност.rnrnКафето Идеале, уште на првата голтка се чувствува дека е кафе направено со срце. Ниту вкусот, ниту мирисот, ниту неговиот изглед нема да ве остават рамнодушни. Идеале еспресото едноставно не може да не се сака. Со него се чувствуваме свежи, активни и секогаш подготвени за она што следи. Идеале кафето влијае и на нашето добро расположение. Кафето е едно од најубавите задоволства во животот на луѓето.rn

Здравствени придобивки од пиењето кафе

rnОвој вкусен топол пијалак исто така е одличен и за вашето здравје.rnrnКога научниците ги испитувале долгорочните здравствени ефекти од кафето, откриле дека 3 до 5 шолји кафе во текот на денот, се дел од здравата исхрана на човекот.rnrnЗа кафето се одлучуваме и кога пристапуваме кон диететски начин на исхрана, затоа што кафето многу често го забрзува метаболизмот, го потпомага чистењето на организмот и ја зголемува издржливоста во текот на физичката активност.rnrnВо кафето уживаме затоа што ни годи по напорниот ден кога сакаме да се опуштиме и да се посветиме себеси или на партнерот. Кафето Идеале, на пример, сакаме да го пиеме во друштво, затоа што ни овозможува моменти на забава и дружење особено за време на овие предпразнични денови.rnrnВрз расположението на човекот, врз неговото здравје и тело, влијае и количината кафе што ја пиеме. Една чаша го регулира крвниот притисок и влијае позитивно на крвните садови. Кафето во умерени количини е одличен антиоксиданс и ја стимулира мозочната активност. Наспроти ова, повеќе од 5 шолји кафе може да го нарушат спиењето и да бидат причина за нервоза и нетрпеливост.rnrnКако кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположениетоrn

Какво кафе, таков карактер

rnАко најмногу сакате домашно подготвено кафе сварено во ѓезве, значи дека сте искрени личности, едноставни и стабилни. Овие личности делуваат сериозно и воздржано. Избегнуваат впечатливи и нагласени бои. Луѓето што го сакаат ова кафе понекогаш оставаат впечаток на тивки личности. Како работници, овие луѓе се одговорни, но немаат натпреварувачки дух.rnrnИнстант кафето го бираат личности кои не сакаат многу да работат, како и оние кои обврските не ги извршуваат на време.rnrnЉубителите на еспресо се брзи и едноставни личности, исто како и самото кафе. Овие личности секогаш го зборуваат тоа што го мислат и функционираат онака како што сакаат. Сакаат да бидат главни и ги критикуваат другите со цел „да им ги отворат очите“. Никогаш не губат време и не им го подаруваат на луѓето кои не им значат во животот. Љубителите на еспересо не го сакаат озборувањето и не го губат времето во „кафе пиење“.rnrnДоколку пиете кратко еспресо тогаш живеете авантуристички. Едноставно сте личност која нема време да седне и да ужива во кафето.rnrnОбожавателите на дупло еспресо се тип на луѓе кои размислуваат логички. Исклучително се практични и се слични на љубителите на еспресо, со уште понагласени карактерни особини. Вредни се, имаат јасни, концизни идеи и даваат сѐ од себе.rnrnКремастите кафиња како што е капучиното ги пијат личностите кои сакаат да имаат контрола над ситуацијата. Овие луѓе се вистински хедонисти, и додека го пијат своето кафе не сакаат да бидат прекинати во ритуалот.rnrnЉубителите на кафе со млеко, како што е на пример макијатото, се личности кои водат грижа за другите и сакаат да ги усреќат. Овие личности се љубопитни и сакаат да испробуваат нови работи.rnrnДупло еспресо со млеко пијат личности со цврст карактер, кои се одлучни и знаат што сакаат во животот, а делуваат нежно.rnrnАко сте обожавател на дупло еспресо со цимет, каранфилче и шлаг тогаш сакате сѐ да ви биде под контрола и со вашиот однос оставате впечаток на пребирлива личност.rnrnЛуѓето кои сакаат кафе со чоколадо, карамела и други слатки кафиња се весели и ведри, забавни, оптимистични и често детинести во однесувањето. Уживаат во благото, кафето им е само изговор за да внесат уште малку шеќер и да уживаат во омилените благи вкусови.rnrnБезкофеинско кафе пијат личности кои водат голема грижа за своето здравје, практични се, но со ригидни ставови. Нивниот избор покажува силна самоконтрола, затоа што сите задоволства, па дури и пиењето кафе го ограничуваат и го дозираат.rnrnГолтка по голтка или на екс. Според психологот Гари Венк, помеѓу видот на кафето, брзината со која го пиеме и нашиот ум постои јасна врска. Ако кафето, па дури и еспресото го пиете полека, значи дека сте хедонист кој сака да ужива и за сѐ во животот има време. Луѓето кои кафето го пијат „во две голтки“ се одговорни личности. Оние кои го пијат кафето на екс не знаат да уживаат, не знаат да си угодат себеси и затоа често се под стрес.rnrnОние кои пијат Идеале се среќно расположени и полни со ентузијазам. Оние кои пијат Идеале се дел од светот на љубовта.rnrnКако кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението