Станува збор за едноставен, но необичен тест кој се темели на потсвеста на човекот. Со одбирањето на пеперутката која ви привлекла најмногу внимание, вие покажувате одредени карактерни црти, за кои можеби и самите не сте биле свесни досега. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за мистериите на вашата личност, тогаш погледнете што се крие под вашиот избор.rnrn
rn
Пеперутка број 1
rnВие сте отворена личност и имате голема доверба во луѓето. Најблиските уживаат во комуникацијата со вас – ги привлекувате како извор на светлина и топлина. За вас со сигурност може да се каже дека сте сталожена личност.rn
Пеперутка број 2
rnВие сте интересна, силна личност, која сака да се претставува во своето најдобро светло. Но, проблемот е во тоа што во вашата душа не е сè толку убаво и беспрекорно, како што на другите им изгледа однадвор. Сомнежите, грижите и несигурноста се ваши чести сопатници. Понекогаш знаете да бидете груби и злобни.rn
Пеперутка број 3
rnВие сте многу емотивна личност. Мислите на невообичаен и креативен начин и кон сè што правите пристапувате од гледна точка на уметник. Вашите постапки многу често ја изненадуваат околината. На луѓето неретко им е тешко да најдат заеднички јазик со вас.rn
Пеперутка број 4
rnСе плашите да го покажете вашето вистинско лице. Повеќе сакате да премолчувате, отколку да го искажете своето мислење, што многу често е исправно. Не сте сигурни ниту во својата сила, ниту во способноста.rn
Пеперутка број 5
rnВие сте малку детинеста личност. Егоцентрични, ранливи и чувствителни. Искрено верувате дека светот се врти околу вас, па постојано го барате вниманието на околината. Најверојатно долго време не ви дозволувале да се искажете, па токму затоа и не се чувствувате како господар на својот живот.rn
Пеперутка број 6
rnВие сте необична личност. Можете да бидете и активни, но и пасивни. Можете да бидете и тажни и среќни, истовремено. Секогаш комуницирате само со оние кои вам ви се најинтересни. Се случува да се грижите дури и за најмалите ситници.rn
Пеперутка број 7
rnНемате доверба во луѓето, дури ни во оние што ги познавате, па внимателно се однесувате кон нив. Исто така, знаете лесно да влегувате во големи конфликти. Можеби затоа и луѓето често одлучуваат да се држат подалеку од вас.rn
Пеперутка број 8
rnВие сте многу социјална и комуникативна личност. Секогаш сте спремни за нови контакти. На луѓето покрај вас им е многу пријатно, а и лесно можат да разговараат со вас.