Воздушниот транспорт со децении е најбрзиот начин да отидете од едно место на друго, но некои европски земји сè уште се без аеродром. Секако станува збор за прилично мали држави, но сепак, за да стигнете до нив, мора да ја преминете границата – по пат или море!rn
1. Ватикан
rnВатикан е најмалата држава во светот, па дури и да сакате нема да најдете аеродром. Се наоѓа во средината на Рим, кој веќе има два меѓународни аеродрома. Овде слетувате надвор од градот, а потоа можете да отидете до Рим од каде што лесно ќе стигнете и до Ватикан.rn
rn
2. Сан Марино
rnКога сме веќе кај Италија, Сан Марино е една од најмалите земји во светот и исто како и Ватикан, таа е скриена во Италија. Најблискиот аеродром е аеродромот во Римини кој се наоѓа на 15 километри оддалеченост.rnrn
rn
3. Монако
rnОва кнежество е опкружено од три страни со Франција, а од четвртата со Средоземното море. Монако исто така нема аеродром, а најблискот е на половина час во Ница. И покрај тоа што нема аеродром, Монако има со што да се гордее. На пример трката во Формула 1.rnrn
rn
4. Лихтенштајн
rnОваа земја гордо ја носи титулата на најмалата земја во светот која се граничи со две држави – Австрија и Швајцарија. Можните превозни средства во Лихтеншајн се автомобили, брод или воз, а најблискиот аеродром се наоѓа во Швајцарија.rnrn
rn
5. Андора
rnАндора е сместена помеѓу Шпанија и Франција и е земја во која можете да уживате во пешачењето и скијањето. Главниот град Андора де ла Вела може да се пофали дека е со највисока надморска височина во Европа. За да стигнете до Андора треба да изберете аеродром во Шпанија или Франција.rnrn
rnrnПогледнете кои 10 места најмногу им недостасуваат на луѓето додека се во карантин.
