„Бела тишина“ е занесна серија црно-бели фотографии направена од страна на фотографот Василис Тангоулис. Во секоја од овие неверојатни фотографии може да се пронајде момент на мир и тишина. rnrnГрчкиот фотограф користел филтри за неутрална густина за да може да ја долови драматичната длабочина на овие визуелно впечатливи пејзажи. Елегантноста која извира од недопрениот снег им дозволува на гледачите да влетаат во тивките сцени и да се изгубат во белата околината. Преку одлично изработените фотографии со медитативни моменти, Тангоулис им овозможува на гледачите инстантно да стапат во хармонија со природата. rnrn
Според неговото био, „неговата фотографска визија најдобро може да се опише како фотографирање на времето во свет каде што ‘сегашноста’ е само бесконечно мал дел од времето, краткотрајна илузија која ги раздвојува скоро бесконечните минато и иднина. “
rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.