Полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин

Сподели

Модрите патлиџани се честа намирница на менито на љубителите на зеленчук, бидејќи се совршена и вкусна замена за месото. Затоа ви предлагаме да го погледнете овој рецепт со модар патлиџан што може да биде вкусна замена за вашиот стандарден ручек.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 модар патлиџан
  • rn 011

  • 2 лажички маслиново масло
  • rn 011

  • 1 средно младо кромитче (сечкано)
  • rn 011

  • 80 грама исечкани печурки
  • rn 011

  • 5-6 мали домати
  • rn 011

  • 1 лажица доматен сос
  • rn 011

  • 2 чешниња ситно сечкан лук
  • rn 011

  • 90 грама варена киноа
  • rn 011

  • ½ лажичка мелен ким
  • rn 011

  • 1 лажица сечкан свеж магдонос + за декорација
  • rn 011

  • Сол и бибер по вкус
  • rn 011

  • 1 лажица таан
  • rn 011

  • 1 лажичка сок од лимон
  • rn 011

  • ½ лажичка лук во прав
  • rn 011

  • Вода за разредување
  • rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте ја рерната на 220 степени. Исечете го модриот патлиџан на половина и извадете дел од средината за да направите дупка. Ставете го во тава на хартија за печење, посипете го со една лажичка маслиново масло и малку сол и печете го околу 20 минути. Додека модриот патлиџан се пече, спремете го полнењето.

Остатокот од маслиновото масло ставете го во тавче, додадете ги печурките и кромидот и пржете ги околу 5 минути, додека не станат меки. Додадете ги доматите, киноата и зачините и варете додека течноста не испари. Кога модриот патлиџан ќе се испече, извадете го од рерна и пополнете го со смесата што претходно ја подготвите. Намалете ја рерната на 180 степени и ставете го наполнетиот модар патлиџан да се пече уште 10 минути.

Во меѓувреме измешајте ги таанот, лимоновиот сок, лукот, малку вода, сол и бибер. Истурете ја смесата врз модриот патлиџан, додадете малку магдонос и уживајте.rn

Автор: Ана Ќурчиевска

Популарно

Може ќе ве интересира