Доколку се обидувате да најдете одговор на важни животни прашања, тогаш овој текст можеби и не е за вас. Но, доколку сакате малку да се насмеете, прочитајте што кажуваат ѕвездите за вас кога станува збор за вашето однесување во униформа, зошто не можете да заспиете и колку од припадниците на вашиот знак се потребни за промена на една сијалица.rnrn
rn
Овен
rn
Какви сте во униформа?
rnСовршен војник. Вашата униформа е испеглана, чевлите сјајни, однесувањето беспрекорно, а надредените ве претставуваат како пример за другите.rn
Зошто патите од несоница?
rnОвенот смета дека спиењето е премногу лесно, па токму затоа и постојано се предизвикува со цел да види дали може да остане цела ноќ буден.rn
Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?
rnСамо еден, но потребни се многу сијалици бидејќи Овните се неспретни и груби, па затоа кршат сè што ќе им дојде при рака.rn
Бик
rn
Какви сте во униформа?
rnПолицаец. Тие се сомневаат во сè и не веруваат никому. Токму затоа и поголемиот дел од нив размислуваат да патентираат џебен детектор за лаги, кој би го користеле на сите, вклучувајќи ги и најблиските.rn
Зошто патите од несоница?
rnБикот не може да спие бидејќи заборавил да ги извади своите свилени чаршафи од машината за перење алишта.rn
Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?
rnНиту еден. Биковите не сакаат промени бидејќи нивните омилени активности се јадење и одмарање.rn
Близнаци
rn
Какви сте во униформа?
rnАко се дел од војската, тие најчесто завршуваат на воен суд бидејќи им ја украле пушката додека спиеле на стража. Ако се дел од полицијата, ги чекаат дисциплински мерки бидејќи заборавиле каде го паркирале службениот автомобил.rn
Зошто патите од несоница?
rnБлизнаците едноставно не се уморуваат.rn
Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?
rnДвајца, секако. Тоа ќе трае цел викенд, но откако ќе завршат, сијалицата ќе ја средува куќата, ќе зборува француски и ќе свети во различни бои. Креативно, нели?rn
Рак
rn
Какви сте во униформа?
rnТие не изгледаат како полицајци, ниту пак говорат така, но имаат исклучителни резултати при решавањето криминални случаи. Тоа се случува бидејќи добиваат совети од таен помошник – кристална кугла која се наоѓа во најдолната фиока од нивната работна маса.rn
Зошто патите од несоница?
rnРакот се грижи за саканите додека тие спијат.rn
Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?
rnСамо еден, но ќе му бидат потребни 3 години емоционална терапија со цел да ја преброди претходната сијалица.rn
Лав
rn
Какви сте во униформа?
rnКако полицајци, кога ќе застанат автомобил со згодна девојка, таа лесно ќе ги увери да не добие казна за брзо возење. Исто така тие ќе го добијат и нејзиниот број, кој подоцна ќе дознаат дека не постои.rn
Зошто патите од несоница?
rnЛавот размислува за себе и за своите постапки.rn
Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?
rnЛавот не менува сијалица. Тој веднаш ќе побара нова светлина која ќе го осветли на сцената додека другите ракоплескаат за неговиот перформанс.rn
Девица
rn
Какви сте во униформа?
rnОмилени меѓу колегите и шефовите, Девиците се обидуваат секоја своја работа да ја завршат совршено и токму затоа немаат ниту еден непријател во полициската станица. Надвор од неа, тоа е друга приказна…rn
Зошто патите од несоница?
rnДевицата ги мести перниците и чаршафот, сè додека не биде целосно задоволна од изгледот на својот кревет.rn
Колку од вас се потребни за да се смени една сијалица?
rnДа видиме… Една да ја тргне, друга да запише кога прегорела заедно со датумот кога била купена и уште една за внимателно да ја намести новата сијалица. И уште 10-тина за да го преуредат домот каде што таа се наоѓа, затоа што не е убаво наместен.rn