Парите и не се баш најдобар подарок, многумина велат дека на таквата идеја ѝ недостига „идентитет“ и дека пари подаруваат оние кои не сакаат премногу да се трудат околу вас, па велат „сами да си купите она што најмногу ви треба“.rnrnRamstore маркетите со својата иницијатива по повод дванаесеттиот роденден нудат листа на предлози и решенија како да го купите најдобриот подарок за вашиот близок пријател, другарка, мајка, колешка за помалку од 500 денари, да ги израдувате и да им посветите внимание, но и да не го надминувате планираниот буџет повеќе од неопходното.rnrn
rnrnСемеен готвач – за оние кои имаат предизвици при готвењето или можеби сакаат да експериментираат со намирниците, подарете им го овој подарок и можеби веќе следниот викенд очекувајте покана за ручек или за вечераrnrnПлишана играчка – овој подарок можете да го поклоните на сите девојчиња што сакаат плишани играчки. Изненадете нечие детенце со овој супер сладок и мек лик од цртаните или мало животинче.rnrnПлетена корпа – плетените корпи се добредојдени во секое домаќинство. На своите драги пријатели можете да им испечете слатки колачи или бисквити, да ги ставите во корпата и така да го заокружите овој роденденски подарокrnrnШоља за кафе или чај – Идеален подарок за оние кои своето кафе постојано го држат на работната маса. Шоља со уникатен дизајн ќе му го разубави утринското кафе на славеникотrnrnСвеќи – совршен подарок за сите романтични души на кои ќе им ја разубавите вечерата или дружењето со најблискитеrnrnКупка – со овој подарок ќе ја замотате вашата сакана личност во мириси што ќе ја потсетуваат на вас за време на туширањетоrnrnКнига – на сите кои сакаат убави четива ќе им го разубавите и ќе им го исполните денот со корисна содржина, но внимавајте – бидете оригинални во пишувањето на посветатаrnrnИдеите за подароци можат да одат во недоглед. Но ова е добар почеток. Ramstore маркетите секогаш се трудат да им го олеснат пазарувањето на своите потрошувачи, да им понудат решенија и услуги што ќе им го зголемат квалитетот на живот и ќе им ги унапредат секојдневните практики за паметно управување со буџетот, за што помали грижи, а поголемо уживање за себе и за своите најблиски.
Имате 500 денари за подарок? Не знаете на што би ги потрошиле?
