7 нијанси на лакови за нокти што ги прават вашите раце да изгледаат помлади

Сподели

Ако рацете беа единствената мерка за нечија возраст, голема е веројатноста дека другите честопати би ви дале повеќе години отколку што навистина имате. Тоа е затоа што рацете се делови од телото што први покажуваат знаци на стареење. Иако е тешко да се справите со потемните дамки, брчки и вени, постои трик што можете да го искористите за подмладување на рацете, а тоа е да изберете соодветна нијанса на лак за нокти. Докажано е дека одредени бои привлекуваат дополнително внимание на знаците на стареење и ги прават позабележителни. Но, има и бои кои го прават спротивното и го одвлекуваат вниманието од овие знаци.rn

Реклама

1. Портокалова

rnЕдна од најуниверзалните бои на лак што одговара на сите тонови на кожата е портокаловата. На ноктите им дава посветол, посвеж изглед и не го привлекува вниманието кон видливите знаци на стареење.rn

2. Розова

rnКога сакате рацете да изгледаат помлади благодарение на лакот, пробајте посветли бои. Розовата боја им дава на рацете младешка перспектива.rn

3. Минт

rnВо оваа ситуација треба да се избегнуваат класични лакови со сина боја бидејќи тие привлекуваат поголемо внимание на вените, но зелената минт нијанса е одлична опција. Оваа нијанса е доволно светла за да им даде на вашите нокти доза на младешка привлечност и е одличен избор за оние кои сакаат нешто помалку интензивно од портокаловата и розовата боја.rn

4. Светлорозова

rnДруга младешка и истовремено умерена нијанса е светлорозовата боја со која ноктите изгледаат неутрално и свежо и не привлекуваат непотребно внимание на рацете.rn

5. Бела

rnБелиот лак е неутрален и во исто време има фактор на осветленост што може да им даде младешки изглед на рацете.rn

6. Корална портокалова

rnОваа боја им дава доза на младешка привлечност на рацете и на прстите.rn

7. Црвена на база на портокалова боја

rnЦрвено-портокаловата нијанса на лак, исто така, обезбедува младешка привлечност на рацете и одлично одговара со сите тонови на кожата, што е голем плус.

Погледнете која е новата опсесија кога се трендовите на маникир во прашање.

Најново

Може ќе ве интересира