КАФЕ ПАУЗА

Можеби е до вас! Ова се знаци дека заслужувате отказ од работа

8 знаци дека заслужувате отказ од работа

Written by

in

,

Постојат лоши шефови на кои секој сака да се жали, но постојат и лоши работници со кои никој не сака да губи нерви и пари. Овие 8 знаци ќе ви покажат дали сте еден од нив и дали правите нешто поради кое заслужувате да бидете отпуштени од работа.rnrn8 знаци дека заслужувате отказ од работаrn

1. Не ги исполнувате очекувањата

rnВашата компанија или државен орган има одредена цел за која постои, а вашето работно место е делче од мозаикот кое треба да функционира за да се исполни таа цел. Ако вие не ги исполнувате основните очекувања на работодавецот поврзани со работните задачи кои ги работите под претпоставка дека не се обидува да ве „исцеди“, тогаш некој друг повеќе го заслужува тоа работно место.rn

2. Сте станале непослушни

rnНадредениот е оној кој управува со подредените, им дели задачи и одговара за ефикасноста во работата. Факт е дека надредените не се секогаш најпаметните луѓе на светот, но доколку вие во секоја ситуација се обидувате да им се спротивставите и ги озборувате кога ќе го свртат грбот, тогаш сте ја преминале линијата.rn

3. Не се приспособувате на промените

rnПромените се неопходни во денешниот динамичен свет, а работникот е должен да се приспособи на нив. Тој не треба да ја кочи својата компанија и затоа треба да биде заменет ако одбива да ги прифати промените.rn

4. Ви фали мотивација

rnНедостатокот на мотивација е добра причина за самите да си заминете од работното место затоа што тоа очигледно не е добро за вас. Добриот работник треба да поседува доволен интерес за извршување на работните задачи.rn

5. Губите време на работа

rnОдењето на работа не е за да сурфате на интернет, да редите карти на компјутерот или да ги продолжувате кафе паузите со колегите додека озборувате. Зарем кога би биле шеф вие би држеле таков „работник“ кај вас на работа?rn

6. Не се вклопувате во тимот

rnМожеби ги имате потребните знаења и вештини за извршување на задачите, но морате да се потрудите и да се сложувате со колегите. Сигурно има и некој друг со вештини како вашите и кој повеќе сака да соработува.rn

7. Постојано се расправате со сите

rnАко никој не се согласува со некоја ваша идеја, тогаш време е да се повлечете. Можеби сте во право, но ако продолжите да се расправате со сите за тоа како вие постојано сте во право, само ја забавувате работата.rn

8. Го нарушувате угледот на компанијата или државниот орган каде што работите

rnДоколку им се дерете на луѓето кои доаѓаат кај вас на шалтер или купуваат од вашата компанија, или правите нешто слично и неодговорно кое го нарушува угледот на местото каде што работите, вие дефинитивно заслужувате отказ.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.