КАФЕ ПАУЗА

198 наставници покажаа интерес за програмирање со Scratch на првиот отворен час на ЕДУФРОНТ

198 наставници покажаа интерес за програмирање со Scratch на првиот отворен час на ЕДУФРОНТ

Едуфронт во поддршка на наставниците од основно образование започна со оддржување на отворени и бесплатни часови за Scratch. На првиот отворен настан присуствуваа 198 наставници од првиот и вториот образовен период од основно образование кои покажаа особен интерес за програмирање со програмскиот јазик Scratch. Од страна на професионалните едукатори од ЕДУФРОНТ беа презентирани функционалностите на Scratch при што сите присутни имаа можност и да почнат со изработка на програми. Целосно видео од отворениот час може да се најде на YouTube каналот на Едуфронт.rnrn198 наставници покажаа интерес за програмирање со Scratch на првиот отворен час на ЕДУФРОНТrnrnВоведниот час во програмирање и Scratch наменет за одделенски наставници беше стимул за повеќе стотина наставници. На самиот отворен час беше покажано како да се спроведе Воведна активност на часот за воведување нови поими и дефиниции. Потоа беше презентиран пример на активност која може да им помогне на учениците да разберат како треба да се задаваат наредби и низа од наредби како основа на секоја компјутерска програма. Во вториот дел од часот се даде одговор на прашањето – Што е Scratch и Како се работи на Scratch веб страната. Потоа се премина на разгледување на визуелната интегрирана околина на Scratch и изработка на проект во Scratch.rnrn198 наставници покажаа интерес за програмирање со Scratch на првиот отворен час на ЕДУФРОНТrnrnКако продолжение на овој час ЕДУФРОНТ организира и обука за програмирање и Scratch за одделенски наставници која ќе се одржи во период од 11ти  до 15ти Јануари 2021 и секој заинтересиран наставник може да се пријави на следната страна.rn

„Технологијата е голем дел од нашите животи, но се менува многу брзо. Како резултат на пандемијата од COVID 19 се промени и начинот на образование и нѐ доведе во едно турболентно време. Така учењето и едукацијата на децата на основите на компјутерско образование претставува предизвик. Во овие моменти нашиот едукативен центар ЕДУФРОНТ увиде дека на наставниците им се потребни вештини како да ги пренесуваат знаењата на своите ученици“, рече Гордана, сопственик на едукативниот центар Едуфронт и воедно и Scratch едукатор за време на отворениот час.

rnОбуката за програмирање и Scratch за наставници е базирана на наставната програма „Creative Computing Curriculum“ за Програмирање за деца „ПрограмИграм® во Scratch“ која е наменета за изучување на програмскиот јазик Scratch. Наставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Оваа програма е светски докажана и досега Едуфронт важи за лидер во Scratch кодирање за деца.rnrn198 наставници покажаа интерес за програмирање со Scratch на првиот отворен час на ЕДУФРОНТrnrnScratch како платформа може да се користи за изработка на програми, анимации, презентации и игри. Истата програма може да најде примена речиси во сите наставни предмети.rn

***

rnЕДУФРОНТ e едукативен центар за компјутерско образование посветен на поттикнување на способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух и развивање на дигиталната писменост кај децата од најрана училишна возраст. Иновативните процеси им помагаат на децата да го трансформираат она што го учат во сопствените пронајдоци. За време на програмите, децата се запознаваат со прототипови, дизајнирање, тестирање и итерација, како и сите важни аспекти на процесот на иновации. Наставата ја водат врвни едукатори кои знаењето до учениците го пренесуваат преку напредни методологии на забавен начин.Г рупите на ученици за секоја обука се состојат од 8 до 10 деца. Часовите се оддржуваат онлајн, со користење на платформата Zoom за комуникација и присуство на наставник којшто го води часот и ја следи работата на учениците.rnrnrnrnПрограмИграм® e заштитена трговска марка на ЕДУФРОНТ од кои најпознатите и најбараните различни програми за деца од 6 до 14 години се за ПрограмИграм Мини во Scratch Jr., ПрограмИграм во Scratch, ПрограмИграм во HTML/CSS/JS и ПрограмИграм во Python.rnrnПрва програма е „ПрограмИграм® во Scratch“ со која се изучува програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма „Creative Computing Curriculum“.rnrnНаставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Taa e збирка на идеи, стратегии и активности за воведно искуство во креативна работа со компјутери користејќи го програмскиот јазик Scratch. Обуката е наменета за деца од 8 до 12 години.rnrnВо обуката „ПрограмИграм® во HTML/CSS/JS“ се изучува HTML и CSS  и програмскиот јазик JS преку користење на едукативната платформа codemoji.com. Секое дете има пристап до платформата codemoji.com и активностите на неа преку свој кориснички профил. Со оваа обука децата ги усвојуваат основите на изработка на скрипти во HTML и CSS преку интересен и лесно разбирлив метод, ги комбинираат знаењата од HTML и CSS и  примена на двата јазици за да се создаде стилизирана веб страница. Исто така со усвојување на основите на програмирањето во JS учат да изработат игра и апликација со сите научени скрипти и јазици. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.rnrnВо обуката „ПрограмИграм® во Python“ се изучува програмскиот јазик Python преку користење на иновативни методи.  Овaa обука им обезбедува на учениците забавен начин да научат вештини за кодирање. Концептите се објаснети на толку едноставен начин, што секој може да научи да кодира. На крајот на обуката, учениците можат да прават едноставни пресметки, да прават списоци и да научат како програмирањето може да се стави во практична употреба. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.rnrnПовеќе информации за овие програми може да најдете и на www.edufront.mk.