Живееме во време кога медиумите секојдневно се обидуваат да постават нови неостварливи и нереални дефиниции за убавината, па токму затоа и неретко се случува да сме несигурни во себе и начинот на кој изгледаме. Но, благодарение на голем број артисти со големо влијание ширум светот, кои не се потпираат на овие дефиниции, одвреме-навреме добиваме потсетници и дека убавината е во сите нас, на сосема уникатен и различен начин.rnrn
rnrnВидео спотот за новата песна на The Maine, „Am I Pretty?“ нè потсетува токму на тоа. Несигурностите кои ги гледаме на нашето тело постојат само во нашите очи, но биле наметнати од нереалните дефиниции за убавина кои владеат со светот и кој едноставно никој не може да ги достигне (и да биде во совршено здравје истовремено). Погледнете го нивното инспиративно видео кое целосно ќе ви го смени начинот на кој се гледате во огледалото.rnrn
Моќно музичко видео нè потсетува дека сите луѓе се убави
